Реклама
MAMAКафе муабет

Поучна приказна за проблемите во животот

Реклама

Еден ден еден човек минувал покрај некоја куќа и загледал старица како седи на еден стол за лулање.

ФОТО: stock-clip.com

Покрај неа, исто во таков стол, се лулал и еден старец кој читал весник. Помеѓу нив, на прагот на куќата, лежело едно куче и завивало, како да го боли нешто. Поаѓајќи покрај них човекот се изненадил, и во себе се запрашал зошто песот завива така жалосно. Следниот ден повторно поминал покрај таа куќа и пак ја видел истата слика. Загрижениот човек во себе си ветил дека ако и утредента ја види истата слика со кучето кој завива, ќе ги праша старите луѓе во што е проблемот.

Третиот ден, на свое изненадување, ја видел истата слика: Старицата се лулела, старецот читал весник, а кучето, на истото место, завивало. Повеќе не можел да издржи, па прашал:

Маркетинг

– Извинете госпоѓо, што се случува со вашето куче?

– Со него? Тој лежи на еден клинец.

Маркетинг

Изненаден човекот, прашал:

– Ако кучето лежи на клинец, и ако тоа го боли, зошто едноставно не стане?

Старицата се насмевнала и рекла со нежен глас:

– Значи, мил мој, го боли толку да може да завива, но не за да мора да се тргне од тоа место.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button