Реклама
Новости

Потресен момент – маж открива смс порака од сопругата која била на летот на Американ ерлајнс неколку минути пред ужасната несреќа (видео)

Авион на Американ ерлајнс, со 60 патници и четворица членови на екипажот, слетувал на националниот аеродром „Роналд Реган“ Вашингтон, кога во воздух се судрил со воен хеликоптер „Блек Хок“ во кој се наоѓале тројца војници. Спасувачките напори во моментов се во тек во Вашингтон.

Реклама

Маж раскажува дека добил смс порака од неговата сопруга која патувала на летот на Американ ерлајнс неколку моменти пред да се судри со американскиот воен хеликоптер.

Авион на Американ ерлајнс 5432, се судри во воздух со хеликоптер Блек Хок во Вашингтон во средата (29 јануари) вечерта.

Инцидентот се случил околу 21 часот по локално време додека патничкиот авион се приближувал до националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Маркетинг

Авионот – кој тргнал од Вичита, Канзас – се урна во реката Потомак, а „NBC 4 Вашингтон“ објави дека авионот „се подели на половина“ и е „седум метри под вода“.

Авионот се судрил со Сикорски Х-60 во кој се превезувале тројца американски војници, соопшти Пентагон. Спасувачките напори и понатаму се во тек, а екипите за итни случаи ја пребаруваат водата за да најдат преживеани.

Маркетинг

Според Би-Би-Си, од реката Потомак досега се извлечени 18 тела.

Хамаад Раза објасни дека сфатил дека „нешто не е во ред“ кога неговите прашања упатени на неговата партнерка, која била една од 64-те луѓе во авионот, не биле одговорени.

Тој во емотивно интервју за американските медиуми рече дека „се моли“ неговата сопруга да ја преживее трагедијата. Зборувајќи за медиумот WUSA, човекот открива дека разговарал со својата сопруга во моментите пред несреќата.

„Само се молам некој да ја извлече од реката во моментов“, рече Раза. „Тоа е сè за што можам да се молам.

„Таа ми испрати порака дека слетуваат за 20 минути. Останатите мои пораки не беа доставени. Тогаш сфатив дека нешто не е во ред“.

Ѕвезда што паѓа

Човек пак, кој сведочел на падот на авионот на Американ ерлајнс, по судирот на небото, раскажал како првично мислел дека судирот е „ѕвезда што паѓа“.

Џими Мазео опиша како видел „бели блесоци“ како еруптираат над него додека уживал во вечерта во Гравели Поинт, за кој рече дека е „веднаш до Националниот аеродром Роналд Реган Вашингтон“.

Момчето, кое било со својата девојка, раскажа за она што го видел пред катастрофата во средата (29 јануари) вечерта.

„Бев со мојата девојка, вечеравме исто како и нормално, уживајќи во убавите глетки“, изјави тој за WUSA9.

„Забележавме дека авионите се некако дисперзирани од редовните шеми на слетување“.

Момчето открива дека набргу потоа видели „бели блесоци“. Мазео објасни дека тој и неговата партнерка првично не биле толку вознемирени.

„Не размислувавме многу за тоа, мислевме дека се ѕвезди што паѓаат“, продолжи тој. „Навистина не размислувавме многу за тоа додека не ги видовме противпожарните возила како почнаа да излегуваат на асфалтот и полициските автомобили како и полициските чамци“.

„Беше лудо. Беше навистина лудо. Навистина сум исплашен. Страшно е тоа што се случи вечерва, лудо е што моравме да го доживееме она што се случи вечерва“.

„Се молам за сите луѓе кои се вклучени во оваа несреќа“ – вели момчето.

Според американски официјални лица, хеликоптерот на Армијата, вклучен во инцидентот, бил на „тренинг лет“.

Еве го снимениот морничав момент кога авионот се судира со воениот хилихоптер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen City News (@fox46charlotte)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button