Реклама
Коса

Дали на вашата коса и треба рехабилитација?

Реклама

Алкохол. Сулфати. Силикони. Дали е време вашата коса да оди на рехабилитација?

Маркетинг

Сите овие вообичаени состојки на производите за коса има своја намена, но доколку се употребуваат прекумерно можат да направат повеќе штета отколку корист. Затоа информирајте се што содржат вашите омилени производи за коса и прочитајте неколку едноставни решенија за обновување и зачувување на вашите скапоцени прамени.

 Силикони 

Маркетинг

 

Силиконите го прекриваат влакното на косата со што и даваат сјај и овозможуваат нејзино полесно чешлање. Добивате мазна и сјајна коса, што и не е лоша работа. Но – силиконите можат да формираат непробојна обвивка околу влакното и да не дозволуваат потребните хранливи материи да навлезат до него, предупредуваат фризерите. Ако сакате да ги избегнете овие супстанци, читајте ги состојките на производите за коса што ги купувате – силиконите се јавуваат во различни варијанти чии називи завршуваат на -cone или -xane.

За да се ослободите од силиконите пробајте да користите шампони за прочистување на косата (clarifying), како и природни масла кои ќе ви помогнат да ја скротите косата и истовремено да ја нахраните и негувате.

 Сулфати 

 

Сулфатите (како натриум лаурил сулфат или амониум лаурил сулфат) се одговорни за создавањето на меурчињата од сапуница, односно пена на шампоните коишто изгледаат забавно, но можат сериозно да ви ја исушат косата и кожата на главата. Сулфатите всушност ги отстрануваат природните масла од косата и кожата на главата токму со цел на добивање на познатиот ефект на „чкрипење“ на чистата коса. Наместо користење на шампон секој ден пробајте да нанесувате балзам секој втор ден да ја ревитализирате косата и да и ја вратите влагата. Како замена за шампон можете да користите смеса од сода бикарбона и јаболков оцет. Идеален за бојадисана или виткана коса.

 Алкохол 

 

Алкохолот овозможува производите за обликување на косата да траат подолго и да не се загадат со бактерии. Но исто така, кога ќе испари алкохолот, ќе ги исуши и природните масла на вашата коса. Токму поради ова, алкохолот е честа состојка во производите за волумен на косата – ја одзема влагата и создава погуста, пополна коса. Решението е да побарате средства со природни состојки употребени како презервативи и да ги замените геловите и лаковите за коса со природни средства како масла, пиво, лимон … изборот е голем, и ќе се изненадите од ефектот!

 Рехабилитација 

 

Не е лесно да се откажеме од долгогодишните навики на употреба на мноштво непотребни производи за коса, и тоа најчесто во прекумерни количини. Намалувањето и заменувањето на производите што сме ги користеле може да доведе до почесто мрсење на косата, нејзин сув или безживотен изглед. Во периодот на транзиција кон поздрави средства за коса се препорачува да ја миете почесто со благи или органски шампони, да нанесувате балзам кој не се одмива, и да не се грижите – вашата коса бргу ќе се навикне на новиот режим, ќе ја врати влагата и убавиот изглед.

 

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button