
Саша Поповиќ, музичар и основач на Гранд продукција, денеска е испратен на вечното почивалиште на гробиштата во Белград.
Тој е погребан во семејната гробница, а сопругата Сузана цело време стоеше покрај гробот, објави Телеграф.
Семејството Поповиќ решило да го испрати својот сакан Саша со песна од Звонко Богдан, кого Саша длабоко го почитувал и сакал во текот на целиот свој живот. Иако немал можност лично да го запознае Звонко Богдан, Саша уживал во неговата музика, па одлучено е да го испрати на последното патување со песната „Свирци моји“ која за него имала посебно значење.

Пред да биде погребан, човек близок до семејството одржа емотивен говор во негова чест.
По завршувањето на погребот, еден од свештениците кажал неколку зборови за Саша Поповиќ, поради што Сузана цело време плачела.
– Секој човек е апсолутно вредна личност и секој човек живее на единствен, уникатен начин, а како поединец ги собира сите пријателства, врски, сѐ што допрел и видел. Затоа, во смртта на секој човек умира цел свет, неповторлив начин на гледање на светот.
фото принтскрин
На гробиштата се појавија многу уметници, меѓу нив беа членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, како и долгогодишни соработници и пријатели како Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, Зорица Брунцлик, Драган Којиќ Кеба и многу други.
Потсетуваме, Саша Поповиќ почина на 70-годишна возраст по битка со ракот на желудникот.