Реклама
Рецепти

Португалска салата

Реклама

Според оригиналниот рецепт португалската салата се прави со туна. Ова е една варијанта со пилешко која во никој случај нема да ве остави рамнодушни и која пак и пак со задоволство ќе ја подготвувате и консумирате.

salata

Потребни состојки
· 250 гр. шарени тестенини
· 1 парче пилешки гради
· 1 зелена месната пиперка
· 2 свежи домати
· зачин за печено пилешко

Маркетинг

Прелив
· ½ павлака
· ½ кесичка мајонез
· оригано
· босилек
· сол
· бибер

 salata

Маркетинг

Подготовка

Исечете го пилешкото на коцки и зачинете го со зачин за печено пилешко, а потоа пропржете го на тефлонска тава со малку масло.
Сварете ги тестенините во солена вода според упатството, и исечете го зеленчукот на коцки. Кога месето е се уште топло, измешајте го со тестенините, а потоа додадете го зеленчукот.
Измешајте ги убаво сите состојки за преливот да добиете рамномерна смеса и сипете ја врз салатата и се убаво измешајте и оставете да отстои во фрижидер околу 1 час.
Оваа салата одлично ќе ви се најде за домашни забави или едноставно секогаш кога ќе сакате набрзина да подготвите нешто лесно и вкусно. Верзијата со туна е исто така одлична, се е исто, само што наместо пилешко се става туна. Што се однесува до солењето, се препорачува да ставите повеќе сол, дури и да ви изгледа малку пресолено, бидејќи откако ќе отстои во фрижидерот, слично како и француската салата, ја упива солта, така што ако има малку сол ќе биде блуткава.

Извор: coolinarika.com

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button