Порталот Гламур и во февруари со рекордни бројки – ви благодариме на довербата и тоа 7.260.387 пати
Навистина убав ден за убави вести, нели?

На сите жени им го честитаме 8. Март, а воедно и ви се заблагодаруваме на довербата и тоа 7.260.387 пати.
Гламур магазин и во месец февруари според податоците од Гугл аналитикс беше убедливо еден од најчитаните портали.
Гламур магазин и во изминативе неколку недели доминираше кога е во прашање вкупниот број на посети (види ја тука статистиката за месец јануари), па така само во месец февруари, според податоците на најпознатата светска платформа за статистика на веб-сајтови Гугл аналитикс, нашата интернет адреса glamur.mk има преку 3.6 милиони посети со 7.260.387 отворени страници.
Со овие бројки Гламур магазин продолжува да биде еден од водечките портали за познатите во регионот, со вкупно 814.182 единствени посетители (unique users) што овој месец го посетиле нашиот портал (статистика за месец февруари може да ја погледнете тука).
Гламур магазин и во текот на цела 2024 година беше еден од најчитаните портали за познатите, со рекордни бројки и милионски посети со кои ретко кој друг македонски портал може да се пофали (види тука).
Но овие бројки секако дека не значат ништо без вашата доверба, па затоа и овој пат ви се заблагодаруваме од сé срце и во име на целиот наш тим, а воедно и ве повикуваме да се придружите на нашите платформи – Инстаграм, Фејсбук страницата Гламур магазин и Happy Mama, но и да продолжете да не читате, а ние ви ветуваме дека заедно и во иднина ќе рушиме рекорди.
Па, на овој убав ден, 8. Март, ви се заблагодаруваме 7.260.387 пати на довербата и на сите жени им го честитаме празникот.