Популарната македонска пејачка ги зaпaли социјалните мрежи – Костадиновска изгледа бpyтaлно во кocтим за капење
Младата и успешна пејачка и харфистка Сара Костадиновска, во јавноста позната како Сара Мејс покажа завидна фигура.
Сара Мејс заедно со својот сопруг Димитра и ќерката Илина ги спакуваа куферите и заминаа на летување во Египет.
Пејачката не крие дека уживаат во секој момент поминат со својата преслатка ќеркичка, а сега одлучи да си посвети малку време на себе и да направи една мала фотосесија.
Имено Сара Мејс позираше во костим за капење, па зазема неколку различни пози и покажа дека изгледа како вистинска сирена.
Сара покажа како изгледа, а фановите одлепија.
„Згодна“, „Убава и природна“, згодна мамичка“, „Сум заборавила како изгледаат нормални неизботоксирани убави жени“ … беа само дел од коментарите кои Сара ги доби.
Димитар и Сара секојдневно споделуваат фотографии и видеа како го поминуваат одморот и нивните „водени лудории“.
Пливање, аквапарк, прошетки и што уште не, a, а под една од фотографиите на која Илина е среќна и насмеана Димитар напиша“ за ова се живее“
Фасцинирани од нивната ќерка тие споделија и неколку интересни видеа на кои Илина танцува со тато и прави „финти“ со тротинетот.
Сепак Сара Мејс издвои еден ден за кој рече дека е еден од најубавите во нејзиниот живот.
-Денешниов ден ми беше еден од најубавите во животов мој … Немам зборови колку беше убав … и денов и моиве двајца и луѓево тука и работите што ги видовме и нештата што ги искусивме … приказна … Ги гледам видеава и сликиве сега и си викам е ај што да шернам?“, напиша пејачката.
Откако нивната ќерка потпорасна и двајцата зрачат од среќа додека се покрај неа.
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс
Фото: Инстаграм / Сара Мејс