Реклама
Култура[тор]

Поезија од Етернијан објавена во Непал

Реклама

Поезија од Ј. Т. Етернијант, е објавена во новиот број на непалското списание за литература, култура и уметност „Апликант“.

Маркетинг

Истото излегува на англиски јазик, со што придонесува за мегународна афирмација на непалската литература и интензивирање на културната размена. „Апликант“ објавува поезија и проза од познати светски автори, освен дела на писатели од Непал преведени на англиски јазик. Така заедно со поезијата на македонскиот поет, во најновиот број на списанието се наоѓаат и песни на ирскиот поет и романсиер Џерард Бирн, прогласен за писател на годината од „Sunday Tribune“, канадската поетеса Ферн Кар, избрана за „Поет во резиденција“ на Лигата на канадски поети минатата година и др. квалитетни познати автори.

Претходно избрани песни од Етернијан препеани на романски јазик се  појавија на романскиот книж. портал „Република Артелор“ (Уметничка република).

Маркетинг

Негова поезија има објавено  и во декемврискиот број на американското списание “Foliate Oak”, под издаваштво на Универзитетот на Арканзас, кое е вклучено во наставата по креативно пишување.

Јовица Тасевски – Етернијан е автор на 6 поетски и 2 критично–есеистички книги. Неговата поезија е дел од повеќе антологии, препеана е на англиски, француски, руски, полски, романски, грчки, словенечки, хрватски, српски и бугарски јазик. Тој е добитник на индиското признание „Восхитувачки поет“, кое се доделува за исклучителен придонес во современата поезија.

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button