Реклама
Култура[тор]

Почина Adam Yauch од Beastie Boys

Реклама

Повторно тага и жал во светот на музиката…

Маркетинг

Adam Yauch, попознат како MCA од култниот New York-шки бенд Beastie Boys замина од овој свет на возраст од 47 години, после скоро три години борба со ракот. 

Вака гласеше соопштението кое го издаде продуцентот Russell Simmons на официјалниот сајт на продуцентската куќа Def Jam Records, во текот на вчерашниот ден:

Маркетинг

Со голема тага ви соопштуваме дека музичарот, рапер, активист Adam “MCA” Yauch, еден од основачите на Beastie Boys, како и на фондацијата Milarepa која што ги организира и продуцира концертите за „Ослободете го Тибет“, како и куќата за филмска продукција и дистрибуција Oscilloscope Laboratories, почина во родниот New York ова утро после скоро три години борба со ракот.“

alt

Во 2009 г. Yauch обелодени дека е болен од рак на грлото. Тој се подвргна на хируршка операција и на терапија со зрачење и од тогаш па наваму не настапуваше во живо. Беше оженет со Dechen Wengdu со која имаше ќерка Tenzin Losel.

Adam е роден како единствено дете во Brooklyn, N.Y. Уште додека беше во средно школо се научи да свири на бас гитара и заедно со Michael Diamond (aka Mike D. ) го оформија бендот Beastie Boys. Првата свирка ја имаа на 17-тиот роденден на Adam. Потоа се запиша на Bard College-от каде после втората година се откажа од студиите, за да се фокусира на музичката кариера. 

Другите оригинални членови на бендот се John Berry и Kate Schellenbach. Но Berry многу бргу го напушта бендот и бива заменет со Adam Horovitz (Ad-Rock). Првата песна со која бендот почна да ја создава својата репутација беше “Cookie Puss”, која што веднаш стана сензација во underground сцената во New York. 

alt

Две години покасно Beastie Boys почнаа да настапуваат како hip – hop трио, со што станаа првите бели рапери на сцената. Во 1987г. го издадоа првиот официјален албум “Licensed to Ill” за продуцентската куќа на Russel Simmons, Def Jam Records. Нивната мешавина од алтернативен рок, хип-хоп и панк веднаш привлече внимание и од тој момент па натаму нивниот успех започнува. Заклучно со ланската година, издаваат вкупно 8 студиски албуми кои се продаваат ширум светот во над 40 милиони примероци. На последниот албум “Hot Sauce Committee Part Two” Adam го нема препознатливиот, ’рапав‘ вокал на Adam, овде тој само свири.

Во спомен и сеќавање на Adam “MCA” Yauch ќе се потсетиме на една нивна добро позната тема…

 {youtube}evA-R9OS-Vo{/youtube} 

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button