Манекенка (14) почина по 12 часа одење на модните писти – но властите открија дека причината за смртта е многу пострашна
Девојчето од Русија кое почина бидејќи работеше огромен број прекувремени часови како модел во Кина, можеби не починало од премногу работа.
Имено, врз основа на некои нови податоци, се појави сомнеж дека 14 годишната Влада Џиуба можеби е отруена. Нејзината смрт беше на насловните страни на сите позначајни медиуми во светот, а како причина за смртта се наведуваше изнемоштеност или менингитис, а тоа ја поттикна и расправата за прекумерното искористување на моделите во модната индустрија. Но сега извештаите наведуваат дека по извршената аутопсијата во нејзиното безживотно тело се пронајдени траги од биолошки отрови.
Изворот на овие токсични супстанци е непознат, но јасно е дека не умрела поради некоја вообичаена инфекција, пишуваат странските медиуми. По аутопсијата, започната е и службена истрага на руските власти, а тамошните медиуми пишуваат дека веќе разговарале со нејзините родители, како и со руските модни агенции кои го пратиле девојчето во Кина. Во процес е и соработка со кинеските власти, по што ќе започне истрага и во Кина.
Трите модни агенции за кои работеше младата девојка негираа дека на било кој начин се одговорни за смртта на младата девојка.
independent.co.uk