Реклама
Култура[тор]

Почина актерот Michael Clarke Duncan

Реклама

Актерот кој се прослави со улогата во филмот „Зелената Милја“, почина вчера на возраст од 54 години, како последица на срцевиот удар кој што го доживеа во месец Јули…

Michael, кој за улогата во споменатиот филм беше номиниран за наградата Оскар, бил под медицински третман во болницата во Los Angeles, соопштува неговата вереница Omarosa Manigault-Stallworth, која вели дека се чувствува ужасно и дека тој бил „љубовта на нејзиниот живот.“

Маркетинг

alt

Неговиот колега од „Зелената милја“, Tom Hanks издаде и официјално, трогателно писмо до јавноста:

Маркетинг

Тој беше богатство кое сите ние го откривме на снимањето на „Зелената милја“, тој беше волшебен. Во себе имаше голема љубов и сите ние сме запрепастени од неговата смрт.“

alt

Смртта на актерот дојде многу ненадејно и според рапортите од Hollywood, неговата вереница Omarosa била присутна во неговата соба во болницата целото време откако бил пренесен таму. Бил потребен само еден краток момент кога таа излегла, за да кога се врати, тој веќе биде мртов.

Duncan се појави и настапуваше во голем број на филмови, вклучувајќи ги и блокбастерите “Armageddon”, “Planet Of The Apes” и “Sin City”. Во 1999г. беше номиниран за Оскар за најдобра машка споредна улога за филмот „Зелената Милја“, но ја загуби финалната ’трка‘ од англискиот актер Michael Caine, од неговиот перформанс во филмот “The Cider House Rules”.

Моментално, неговото семејство ги планира приватните и јавните обреди околу неговиот погреб.

alt

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button