Новости

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ во масакрот во Цетиње остана без четири члена од семејството- „ете, ни остана само таа сестра…“

Поранешниот победник на Ѕвездите на Гранд, Дарко Мартиновиќ, остана без блиските членови на семејството по масакрот во Цетиње.

Advertisement

Дарко Мартиновиќ беше победник на Ѕвездите на Гранд и оттогаш неговата кариера тргна во нагорна линија. Не ни претпоставуваше некоја година подоцна што може да се случи.

 

Advertisement
View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Martinovic (@darko_martinovic_official)

Advertisement

Мартиновиќ за српските медиуми раскажа што се случило.

„Бев дома, одлучив за првпат дочекот (на Нова година) да не го работам туку да бидам со братот и семејството и синоќа требаше да излезам до град. Меѓутоа, ја добивме страшната вест и веднаш им се јавивме на блиските роднини и пријатели да дознаеме нешто, знаете во таква ситуација сите за изгубени“ – вели пејачот за српска „Пинк“.

„Потоа дознавме дека ни се убиени вујкото и вујната, и првите братучеди“ – објаснува Дарко.

фото – Дарко Маринковиќ, Инстаграм

Понатаму ја спомнува и снашката која била ранета и која е во тешка состојба.

Дарко со брат му веднаш отишле кај првата братучетка која единствена останала од семејството.

„Ете ни остана само сестрата уште. Страшно, ги молам сите луѓе да бидат солидарни во оваа најголема трагедија“ – вели пејачот нагласувајќи дека ништо не е важно освен страшната загуба на 12 животи.

Фото – Фејсбук, пинк.рс

На прашањето дали го познавал убиецот, Дарко вели:

„Го знаевме од видување, како фино момче. Не го познавав лично, па верувам дека луѓето кои биле блиски со него знаеле дека веројатно тука постои некој проблем, но тоа не е моја работа да одговорам“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button