Реклама
Култура[тор]

Филмови, победници на фестивали: „Враќање“

Реклама

Свечено ви го претставуваме првиот руски филм во оваа рубрика на мини рецензии кои ги спремаме за вас.

Маркетинг

Филмот е од 2003 –та, а две години покасно можевте да го видите и во нашите кина, што мора да признаете дека е вистинска реткост за наши услови и со нашата филмска (не)култура. Оние вистински филмски синеасти помеѓу вас, сигурно имаат забележано дека во последните десетина години, руските режисери од непознати причини, како луди се бават со темата и односот помеѓу татко и син. Дуото Hlebnikov/Popogrebsky го имаа снимено прекрасниот и мрачен алкохоличарски road movie “Koktebel”, Sokurov пак инцестуозниот „Татко и Син“, но од сите нив најмногу се прослави Andrei Zvyagintsev со автентичниот „Враќaње“ (во оригинал на латиница Vozvrašenje).

Таткото после подолго отсуство доаѓа од некаде (затвор?) и ги води своите два сина во некоја вукојебина каде има нешто сокриено (пари, дрога?). И тогаш настанува вистински Хаварија Систем. Каков? Е тоа ќе морате да го проверите сами, но со предупредување: не е злато сé што сјае, а богами не е ни сребро!

Маркетинг

alt

Вистински добар филм за секој љубител на авторските и уметнички филмови кој што не робува на синдромот Hollywood-ска телепатckа лоботомија. На фестивалот во Венеција во 2003 – тата, ги доби двете најзначајни награди: онаа за најдобар дебитант и највредната – Златниот Лав. И ова не ви го кажувам само како украс кој подобро го продава продуктот, туку за оние помеѓу вас кои навистина ја пратат филмската уметност, веднаш ќе се присетат дека овие две награди одат заедно само кај екстремно квалитетни остварувања. Ви посакувам пријатни 105 минути перципирање на извонредна фотографија и сторија која нема да ве остави рамнодушни.

{youtube}MRXLsMk_7Kk{/youtube}

Закачи Like, сподели текст и освој некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разгледајте го Shopping Magazine преку Facebook.

Врати се на прва страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button