Реклама
Интервју

По ова интервју ќе посакате МЕТЕО-презентерот СПАСЕ да ви зготви нешто

МАСТЕР сум во крем салати, со зачини знам да направам рецепт кој ни самиот подоцна не знам да го ископирам, вели Јовановски

Реклама

Популарниот презентер од „Сител ТВ“, Спасе Јовановски  или  во случајов шеф Спасе е крал во кујната. Полн погодок ни беше тоа што го поканивме и тој да биде дел од нашата рубрика – ПОЗНАТИТЕ ВО КУЈНАТА. А, зошто? Ќе дознаете за кратко.

Дали тв-водителот познат како Рола до Болла ви изгледа на човек што се плетка во кујната?!

Не само што се плетка, туку ужива да готви. За вас не знам, но јас по овој разговор посакав да пробам нешто што ќе го зготви Спасе.

Маркетинг

Имаме и предлог рецепт од него, затоа продолжете да го читате ова забавно интервју.

Маркетинг

Дали сакате да готвите?

Да! Уште од мал, знаев сам да влезам во кујната и да експериментирам нешто. Мојата мајка никогашп не ми бранеше, бидејќи гледаше со колку љубов го правам тоа, па така, почнав длабам свежи домати, па ги полнев со крем сирење и зачиннски билки. Потоа правев пици, па се учев да месам леб, па кифли и така, ден за ден, учев нешто ново.

Дали сте брзи или бавни во кујната?

Брз сум да!

Што готвите најчесто?

Појадокот секогаш го правам сам, тоа се претежно јајца, омлет на 101 начин. Но, дали било брзо или споро, секогаш сакам да е декорирано и убаво за око. МАСТЕР сум во крем салати. Со еден куп зачини знам да направам рецепт кој ни самиот подцна не знам да го ископирам во 100% ( се смее)

САЛАТА С0 РАКЧИЊА – РЕЦЕПТОТ НА СПАСЕ

250гр. замрзнати и исчистени ракчиња
2 чешниња лук
300мл кисела павлака
4 лажици мајонез
1 зрело авокадо
2 лажици маслиново масло
5-6 кисели краставички
сок од половина лимета
коцка путер

Размрзнатите ракчиња, исчистете ги со вилушка, односно извадете им ја темната линија од горе.
Потоа, на загреано маслиново масло, кратко запржете го ситно сецканото лукче, па додајте ги ракчињата.
Пржете околу десетина минути или додека не испари водата. Потоа, додајте коцка путер, попрскајте ги со малку сок од лимета и зачинете ги по вкус.
Оставете ги да поруменат.
На страна, изгмечете го зрелото авокадо, соединете го со павлаката, мајонезот, маслиновото масло и преостанатиот сок од лимета. Посолете и наросете мелен црн бибер.
Краставичките исечкајте ги, па додајте ги во кремот од авокадо. Откако, ракчињата ќе се изладат, додајте ги во кремот и промешајте се добро.
Остаавете ја салатата да одстои во фрижидер неколку часа, па послужете ја!

 

Кој е најкомплицираниот рецепт што знаете да го направите?

Ништо не е комплицирано додека се следи постапката на рецептот и се вложува мн љубов и трпение. Кујната и готвењето не е за оние што некаде брзаат.и јајце да свраиш, треба да се вари едно 15 мин, па да го ставиш во студено вода, па да почекаш 5 мин, па тек тогаш да го излупиш и сервираш.

Кое ви е омилено јадење?

Да ме прашавте ова како дете, одма ќе ви одогворев ХАМБУГЕР.

Или пак можеби ќе кажев ПИЦА. Но како што минуваат годините, се враќам на онаа храна која што како дете не сум можел да ја смилам. Да речеме обожавм турли-тава, тавче гравче, сарма, сакам пасти, едноставно сакам се што е вкусно!

Што преферирате повеќе благо или солено?

Солено. За благо имам такнаречена “криза“ но никогаш не би отишол да чекам ред за некое прочуено парче торта, додека пак за некој сочен сендвич би чекал и со саати.

Има ли нешто што не јадете? Зошто?

Сум пробал разновидни кујни и храни, но никогаш во животот не пробав ПАЧА. Тоа се случи пред некој ден, додека седевме на ручек. Се охрабирив и пробав, но… Не е тоа за мене. Ни пача а ни Расолница.

 Кое е најубавото нешто што сте го пробале од храна? Каде сте го пробале и кога?

Најубавото нешто е кога мајка ми меси, нејзината прочуена цвет погача или пита со праз, зелка, компир. Кифлите меки ко душа кои и после една недела изгледаат како штотуку направени. Само дома, си е дома…

На кој начин најчесто ги откривате рецептите? Дали сакате да ескпериментирате во кујната или се држите за традиционалната кујна?

Кога сме собрани со друштвото често експериментирами, но странската кујна, најчесто се решаваме да ја јдеме по ресторани. Омилено ни е кога ќе се собереме на суши, или пак на нешто слатко-луто-кисело…

 

Дали во Македонија има добра храна? Кој е најдобриот македонски специјалитет?

Уффф! Па било кој и да дошол во државава не си заминал без тегла ајвар, сирење, кашкавал, по некое парче пита. Македонија изобилува со вкусна храна каде и да одиш. А македонскит специјалитет е секако тавче-гравче кое јас го надополнувам со домашна кобасица, домашно месено лепче и големо ладно пиво!

Дали знаете да се опуштите со нездрава храна? Што јадете од „забранетото“?

Тоа го правам често, а не е добро. Не само што качува килограми, туку од таа храна полна со вештачки засладувачи, адтиви, содиум, страдаат кожата, лицето, косата, ноктите. Изминатиов период се трудам да бидам што подалеку од фаст фуд.

Има ли нешто што никогаш не сте го пробале од храна, а сакате да го пробате?

Никогаш не ги пробав оние специјалитетти каде што се служи образ, мозок, јазик, и слични будалаштини. Се држам и подалеко од пржени инскети и слично.

Дали консумирате алкохол?

Не толку често. Пиво, пенливо вино или бело вино е се што консумирам од алкохол.

Кој ви е омилен пијалак?

Тоа е водата! Без неа нема ни почеток ни крај.

Што би одбрале ручек со пикник, ручек во елитен ресторан или нешто трето?

Не ми е важно местото се додека до мене се оние што ги сакам, и што во нивно друштво се чуствувам убаво и пријтано.

А во продолжение ќе ве потсетиме на уште едно интервју со Спасе.

РОЛЛА ДО БОЛЛА: Јас имам краток фитиљ, ама Лила со поглед знае да ме смири

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button