Кафе муабет

Пролетни комбинации на девојката којашто ја викаат плус-сајз верзија на Жизел Бундшен

Advertisement

 

Манекенката Флувија Ласерд (34) е плус сајз модел кој во светот на крупните манекенки е позната како плус-сајз верзија на бразилскиот супер модел Жизел Бундшен.

Advertisement

 

 

Advertisement

И Флувија и Жизел се од Бразил, па тоа е една од главните причини поради кои што овие две претставнички на понежниот пол кои што се занимаваат со манекенство ги споредуваат. Плус-сајз моделот Флувија, како и Жизел е позната и надвор од Бразил, а во 2012 година се појави на страниците на италијанскиот Вог, додека истата година го красеше и магазинот „Bust“.

 

Пред неколку години учествуваше на „Full Figured Fashon Week“ и беше прогласена за модел на годината: „Голема работа е тоа што ја добив оваа награда, бидејќи многу ја сакам мојата работа, особено затоа што со својот изглед преставувам многу жени“ изјави тогаш Флувија.

 

 

Нејзината кариера започна откако во 2017 година се појави во календарот „Curves“, а потоа следуваше соработка со познатите брендови како „Takko Fashion“, „Eliza Parekr“, „Carmakoma“, „Bilka“, „Mar&Nua“ „Barcelona“ и др.

 

„За мене работата како плус-сајз модел преставува многу повеќе од добра заработка. Сакам да ги преставувам жените кои се борат со истите проблеми со кои се борев и јас. Не станува збор само за проблемите со облеката туку и со тоа што постојано ве критикуваат бидејќи сте крупна девојка“, изјави Флувија која плени со својот шарм каде и да се појави, онака како што само Бразилките умеат да го направат тоа.

 

 

Флувија која е дел познатата модна агенција „ Dorothy Combs Models “ редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, а еве и некои од нејзините последни модни комбинации кои што ги објави на Инстаграм.

 

 

 

Баш е срцка, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button