Реклама
Дом и семејство

Писмо до мојата идна ќерка за неуспехот

Реклама

Мила (идна) ќерко,

Ќе доживееш неуспеси. Тоа е неизбежно. Тоа е твојата судбина како човечко суштество. Впишано е во твојата ДНК. Ќе паднеш, ќе ги изгребеш колената, и, како моја ќерка, најверојатно ќе лежиш на земјата, липајќи, и ќе речеш, „Не можам да станам! Едноставно не можам!” Тоа е во ред.

Маркетинг

Ти си чудесна секако. Верувам во тебе. Верувам во тебе 100 отсто. И можеби е неверојатно страшно да се слушне тоа, знам. Дали ова значи дека јас верувам дека ти мораш постојано да успеваш? Не. (Види погоре!) Тоа значи дека верувам во твојата способност постојано да се враќаш кон вистината, да се враќаш на следењето на тој тивок шепот на Љубовта – повторно и повторно и повторно.

Ќерко, јас сакам восредоточеност. Навистина. Целта на восредоточената свесност не е постојано да бидеш фокусиран и никогаш да не се поколебаш; целта е да забележиш кога ќе се поколебаш, и тивко да се вратиш назад. Има нешто толку многу убаво во сето тоа, ќерко. Можеш да правиш грешки, но кога целта е да забележиш дека си отстапила од патот, дури и да си отишла километри далеку, не можеш да изгубиш.

Маркетинг

Мирот не е во совршенството, ќерко. Мирот е во напредокот. И тоа е добра вест. Кога ќе се најдеш на дното, направи чекор; тоа е напредок, тоа е придвижување кон радоста. Кога изгледа дека си на врвот, можеш да речеш, , „Ех, го имам сето ова – зошто не сум задоволна?” Тргни полека напред; тоа е движење кон радоста. Нема ограничување. Нема крај. Нема пат до брегот. Ќе продолжиш да се искачуваш. Ќе продолжиш да бараш. Ќе најдеш – и тогаш пред тебе ќе се појават повеќе прашања, повеќе недоумици, повеќе можности.

Но, ќерко, не можеш да го зафркнеш ова. И не го велам ова во смисла на закана, „Немој да зафркнеш!!”. Мислам дека е невозможно да зафркнеш. Има тло под твоите нозе. Што подлабоко ќе паѓаш, ќе речеш, „Не, не, го поминав тлото. Дефинитивно нема кај да се задржам. Овој пат, дефинитивно ќе доживеам слободен пад.” Нема. Не можеш. И колку ти е поладно, толку подобро изгледа млакото. Сè е релативно и сè е во твој прилог.

Ќерко, навистина, навистина сакам да ти го дадам клучот за животот. Сакам да се појавам со волшебно стапче и висока самовилска капа, велејќи, „На мене сето ова ми е јасно. Следи ги моите совети и никогаш нема да бидеш повредена.” Но ќерко, ќе бидеш повредена. Ќе чувствуваш болка. Не знам како да те заштитам од тоа. Не знам како да направам да се чувствуваш добро со болката. Не мислам дека тоа е моја работа. Мојата работа е да ти овозможам да го сфатиш тоа. Да те пуштам да паднеш и да научиш повторно да станеш. Да научиш кои болки се вредни за страдањето. Првенствено, мојата работа е само да те сакам во текот на болниот, тежок, жежок процес.

Внимавај во текот на процесот, ќерко. Внимавај на љубовта. Оди кон љубовта, кон твојата желба, кон твојата и најмала љубопитност, и не можеш да изгубиш. Не целосно, никогаш засекогаш.

Можеби бидејќи не сме сами во сето ова, и на светот му е потребен нашиот успех. Но ние не сме предодредени да успеваме сами. Не сме предодредени да бидеме уредни и чисти и едноставно да минеме низ животот аплаудирајќи си едни на други, само обрќајки внимание на светлите и среќните, слушајќи само приказни за успех. Не, ние сме во овој хаос заедно. Но твоите успеси се успеси на светот. Твоите лекции се лекции на светот.

Ќерко, јас сум голема бубалица. Го знаеш ова. Ќерко, досега веќе си ме слушнала како велам, „Сè е податоци.” Секој чекор, секој резултат, е лекција за светот. Му помага на светот да научи повеќе за себе, да види какви причини доведуваат до какви последици – и ни помага да направиме подобар избор во иднина. Ќерко, Маја Ангелу  вели, „Кога знаеш повеќе, правиш подобро.” Произлегува дека за да правиш подобро, исто така и мораш да знаеш повеќе. Она што сакам да го кажам, ќерко, е дека мораме да научиме што е тоа што е подобро, за да можеме да направиме подобар избор. Да направиш избор, и потоа да сфатиш дека можеби подобро ќе било да си направела друг избор, не е неуспех. Тоа се податоци. Така, во основа она што го велам е дека твоите податоци од твоите неуспеси му се неопходни на светот како и секое научно истражување оценето од колеги. (Само не им го кажувај ова на твоите професори, во ред?)

Според тоа, ќерко, дел од намената на неуспехот е да послужи како пример. Да биде пример за тоа што функционира и што не функционира, но што е поважно, да ги потсетува луѓето во светот дека не се сами. Мислам, можеби, да се чувствуваш осамен е најлошото чувство на светот, ќерко. Бидејќи твојата осаменост ќе ти каже не само дека си сама, дека никој не би сакал да е покрај тебе, но исто така и дека поради тоа што си осамена, ти си и слаба. Понекогаш мојата осаменост исто така сака да ми каже дека е моја предност, само за да ја задржам до мене. Тој лукав тивок негативен глас ќе ти каже сè што треба само да те задржи прилепена за него. Ќерко, ако постои нешто за што навистина треба да се прилепиш, тоа се другите луѓе. Најдобрата работа на која можеме да се потпреме во животот е да се потпреме едни на други. Навистина и нема што друго да се направи.

Кога ќе паднеш, тоа е лекција за светот. Нема потреба да се криеш. Нема потреба да се срамиш. И нема потреба да чекаш повторно да се исправиш за да можеш да речеш, „Та-да, јас сум успешна приказна!” Не. Во самиот тек на тоа, кога си исплашена и се тресеш, другите луѓе имаат покривки. Другите луѓе можат да помогнат. Тие не можат да ти помогнат ако не знаат дека ти е ладно. Тие не можат да ти помогнат ако се преправаш дека си сјајна успешна приказна.

Обично, срамот постои бидејќи луѓето мислат дека се сами. Обично, срамот се поврзува со тоа да се чувствуваш необично и чудно и несфатливо, нејасно неповрзан и неразбран. Ти не си. Тврдам дека не си.

Ќерко, не постои клуч што можам да ти го дадам. Но ќерко, не ти ни треба клуч. Животот е тежок. Животот е збрка. Но ти не си збркана.

Ќерко, она што го знам за неуспехот е дека тој не е дефиниција за тебе. Не ти кажува ништо за она што си. Тоа се само корелациони податоци (те слушам, ќерко – „Престани со психолошките метафори!!!”). Но ова дури и не е метафора. Не постои број на неуспеси кои причинуваат и ти да станеш „НЕУСПЕХ“. Не постои број на успеси кои можат да предизвикаат и ти да станеш „УСПЕХ“. Не можеш да заработиш тетоважа со успех на твоето чело која ќе те ослободи од сите идни болки. Се сеќаваш во основно училиште, кога ве ослободуваа од домашна за 10 извршени задачи? Ќерко, извини, но во вистинскиот живот не е така.

Но добрата вест е тоа што домашната работа значи нешто сосема различно од она што би можела да мислиш дека значи. Домашната работа значи учење. Учењето значи напредок. Напредокот е радост. Нема ослободување од домашна во животот, бидејќи сите лекции се важни. Сите лекции не доведуваат поблиску до радоста.

Така, ќерко, не можеш да одиш наназад и не смееш да одиш странично. Има само пат напред, има само напредок, има само движење побиску кон радоста. И без разлика на битката, на крајот, Љубовта секогаш победува.

Засекогаш те сака,
(Идната) мама

Автор: Кери Волхербст,
студентка по психологија, www.onecuriousclementine.com

Преведено од англиски
Извор: www.huffingtonpost.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button