Реклама
Нега и здравје

Пирамида на здравата исхрана

Реклама

Ви претставуваме шест различни категории намирници што ја сочинуваат пирамидата на здрава исхрана и кои би требало да бидат застапени во исхраната секој ден. 

Умереноста и рамнотежата се од суштинско значење за телото и линијата, а разновидната и здрава храна е токму она што ни помага во тоа.

Маркетинг

Физичка активност:

Дневната физичка активност од 30 минути е повеќе од пожелна за одржување на здрав дух и посилен имунолошки систем. Затоа пешачете, избегнувајте лифт, бавете се со некој спорт, возете велосипед крај река,а доколку временските услови не дозволуваат, едноставно запишете се на аеробик или сè поактуелната зумба.

Маркетинг

Житарки:

Во оваа категорија спаѓаат намирници како леб од житарки со цели зрна,тестенини, ориз и слично. Житаркити е дозволено да се консумираат дури шест до единаесет пати на ден.

Зеленчук:

Пожелно е да консумирате две до три порции во свежа или варена форма. За извор на енергија се смета зеленчукот како пченка или компир, како и темнозелениот лиснат зеленчук и оној црвено-портокаловиот,како моркови.

Овошје:

Дневно се препорачуваат две до три порции овошје кое би требало да е разновидно. Овошјето како јаболка, сливи, портокали, боровинки или грејпфрут ќе ги задоволат дневните количини препорачани од експертите.

Месо и мешунки:

Консумирајте месо со ниска содржина на масти. Дневно се препорачуваат две порции месо, месни производи и мешунки. Обрнете внимание во исхраната да има намирници кои содржат високо ниво на омега 3 масни киселини, како што е, на пример, рибата (лосос, харинга и пастрмка).

Млечни производи:

Вреден извор на калциум што ни е секојдневно потребен за раст, развој и одржување на коскената маса. Консумирајте млеко и млечни производи со намалена содржина на масти.

Масти:

Мудро ограничете ја употребата на заситените масни киселини. Но, мастите што доаѓаат од извори на храна, како што се риба, коскени плодови и растителни масла претставуваа природен извор на витамин Е и незаситени масни киселини, што значи дека поволно делуваат врз здравјето.

Слатки:

Слатките и грицките се еден од најголемите непријатели на витката линија, поради што и се наоѓаат на врвот на пирамидата на намирници кои што се најризични за појава на дебелината. Нивното внесување во организмот строго ограничете го.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button