Како Пипа Мидлтон ги носи најпопуларните трендови за оваа летна сезона!
Ова е втор пат оваа сезона да ја видиме Пипа на Вимблдон.
Таа овој пат беше заедно со нејзината 62 годишна мајка Керол, но со која седеше одвоено во публиката. Симпатичната Пипа (32) за оваа пригода носеше пастелен фустан од бритснскиот бренд Tephi (£385.00) за разлика од претходниот пат кога носеше фустан од Self-Portrait. Фустанот е со отворени раменици и ниско деколте, додека комбинација е заокружена со преубави сандали со високи блок потпетици и кафеави очила за сонце.
За разлика од Пипа, нејзината мајка носеше цветен фустан во сина нијанса, темни очила за сонце и бели шик сандали.
Инаку, и уредничката на Вог се наоѓаше во близината, која носеше слина комбинација со керол – цветен фустан и чанта и сандали во неутрална нијанса.
Па, која од овие комбинации ви се допаѓа најмногу?