Рецепти

Пилешко во вок тава

Advertisement

Малку кинеска кујна која можете лесно да ја направите сигурно ќе го освежи вашeто неделно мени.

Advertisement

За ова деликасно јадење за кое што сме сигурни дека ќе ги израдува сите љубители на доброто јадење, потребни се само 15 минути.

Состојки:

3 лажички растително масло, 4 чешниња лук (тенко нарежани), 3 чили пиперчиња, 450 грама пилешки гради без кожа (пресечени на коцки), 3 лажички Thai рибин сос, 2 лажички сос од соја, 1 лажичка шеќер, 10 листа босилок.

Начин на подготовка:

Загрејте го маслото во wok или голема тава.
Додадете лук и чили пиперчиња т.е запржете ги на маслото на средна јачинана огнот од минута до две.
Додадете го пилешкото во вокот и пржете додека не добие румена боја.
Ставете го рибниот сос Тhai, сосот од соја и шеќер.
Продолжете да пржете во масло 3-4 минути, односно додека пилешкото не биде потполно печено во сосот.
Ставете ги листовите босилок и послужете.
Ова јадење можете да го послужите на 4 лица, а се прави за само 15 минути.

Пријатен апетит.

Извор: slatkirecepti.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button