Реклама
MAMAКафе муабет

Не заборавајте ги пријателките – дружењето е неопходно за среќа

Реклама

Работата целосно нѐ окупира, па за семејството и пријателите останува сѐ помалку време. Сепак, обидете се секогаш да најдете време за нив, затоа што дружењето е неопходно за внатрешен мир и среќа.

Сите велат дека машките и женските пријателства се разликуваат по интензитетот и темите за кои се разговара, но вистинските женски пријателства се нешто сосема друго. Размената на емоции и безусловна поддршка е она што ѝ е потребно на секоја жена за да се чувствува посигурно. Нејзе ѝ е потребно некој да ја разбере и да ѝ даде совет, а тоа го може вистинската пријателка.

Маркетинг

Но, нажалост, поради преголемата зафатеност, тие дружења секојдневно се одложуваат. Затоа е важно и вашите пријателки да ги ставите на приоритетната листа, да им се јавите, да излезете на некое убаво место каде што ќе се чувствувате удобно и пријатно и да разговарате со часови.

Споделувајте ја својата радост, тажните мигови, вашите мечти, желби и разочарувања. Онаа жена која има вистински пријателки до себе е помотивирана, поуспешна и посреќна. Затоа, јавете им се на вашите драги уште денес и подобрете го својот, но и нивниот живот.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button