Пијалак кој го стегнува стомакот – конечно решение против надуеноста!
Наместо чаша обична вода, определите се за нејзината освежителна витаминска замена и уживајте во совршениот пијалак против надуеност.
Водата е составен дел од нашето тело и затоа многу е важно да ја пиеме постојано и во доволни количини. Се препорачува доза од 8 чаши дневно како просек, и ќе бидете многу поздрави доколку внимавате на ова правило и не го игнорирате.
Но, пиењето вода може да биде уште покорисно, особено доколку на своето тело сакате да му ги пружите потребите електролити и витамини, и ако сакате да се решите од надуеноста. Надуениот стомак е последица од успорено варење и честа дехидрација на организмот, па затоа време е да посегнете по најбрзото решение кои се крие во оваа освежителна летна вода.
Потребно е:
Една тегла од три литри, 2 литри вода, лажичка изренадан ѓумбир, 1 краставица со средна големина, 1 лимон со средна големина, 12 листови свежо нане или 1 лажичка сушено.
Подготовка:
1. Измијте ја добро краставицата и исечете ја на тенки парчиња, и направете го истото со лимонот. 2 Свежиот ѓумбир излупете го и изрендајте го, па заедно со останатите состојки додадете го во теглата или стаклениот сад. Состојката прелијте ја со вода, помешајте и оставете ја преку ноќ во фрижидер. Пијте наутро, на гладен стомак, и потоа секој пат кога ќе почувствувате жед.