Диети

3 пијалаци од банана за топење на масните наслаги

Реклама
Реклама

Бананата дебели? Па, не е баш така … Бананата ќе ви помогне да го совладате лажното чувство на глад поради кое често посегнувате по забранета храна и грицки, што потоа доведува до зголемување на килограмите.

И покрај широко распространетото мислење дека бананата треба да се избегнува ако сакате да ослабите, бананата е идеално овошје во борбата со килограмите. Таа е честа состојка на диеталните пијалаци првенствено благодарение на калиумот кој помага да се отстрани вишокот вода од организмот и влакната кои го забрзуваат метаболизмот. Во комбинација со други состојки, на пример лен и спанаќ, претставува вистинска бомба која ќе го разнесе салото на стомакот и половината.

Маркетинг

Природните шеќери кои ги содржи бананата, како фруктоза, сахароза и гликоза, претставуваат одличен извор на енергија. Во диеталните пијалаци со банана се додаваат и други состојки познати по нивното поволно дејство при топењето на масните наслаги како ленено семе, бобинки и спанаќ, кои покрај тоа што го помагаат слабеењето ги обезбедуваат сите потребни витамини и минерали за организмот.

Банана + ленено семе

Маркетинг

Состојки:
– 1 банана
– 1 портокал
– 2 чајни лажички сурутка
– 2 чајни лажички ленено семе

Банана + бобинки

Состојки:
– 1 банана
– 1 шолја бобинки (боровинки, малини, брусница)
– 1 чајна лажичка мед
– 1 чајна лажичка рендан ѓумбир
– половина шолја млака вода

Банана + спанаќ

Состојки:
– 1 банана
– 200 гр. свеж спанаќ
– половина шолја јогурт со ниска масленост
– третина шолја овесни снегулки
– 1 чајна лажичка мед

Сите овие пијалаци се подготвуваат на ист начин – едноставно, ги ставате сите состојки во блендер, убаво ги блендирате и добивате здрав и вкусен пијалак. Се препорачува да ги користите наутро бидејќи тогаш организмот најдобро ги апсорбира хранливите материи и ќе имаат најсилен ефект на масните наслаги наталожени на половината и стомакот. Секако, нема да згрешите и ако ги користите како замена за вечера или ужина.

Извор: zadovoljna.dnevnik.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button