Пет минути со Ксенија Николова: „Емотивен манипулатор е секој човек кој своите фрустрации ги лечи создавајќи туѓи“
Млада, успешна, талентирана, девојка која во тинејџерските години ја запознавме во телевиското шоу „Бејби шоу“, сега веќе изградена личност.
Ксенија Николова е дамата која црпи инспирација од својот живот, секојдневие и така ги создава своите романи.
Пред само неколку дена ја објави и твојата четврта книга. Кој е емотивниот манипулатор?
Секој човек кој своите фрустрации ги лечи создавајќи туѓи.
Каде и кога започна Ксенија со пишување?
Одамна, од кога помнам за себе. Првото дело го издадов на 19 години.
Има ли автобиогравски текстови и настани во твоите романи?
Има, нормално. Не се сите, ги нема многу, но ги има.
Од каде црпиш идеа и инспирација?
Од секојдневието, од луѓето, од животот.
Какви се досегашните критики за „ Емотивен манипулатор“?
Позитивни, што ми е најдраго и најважно.
Девојка која ја запознавме на телевизиските екрани со „Бејби Шоу“, колку и фали на Ксенија глумата и појавувањето во медиуми?
Воопшто, искрено.
Каде се гледаш за 10 години од сега?
Во својот дом, со полици полни книги меѓу кои некои се со мој потпис, со семејство кое го сакам и ми дава мир, и надвор од домот на работа, бидејќи никогаш не сакам да сопрам да создавам. Смирена, со негувана кожа и коса, со насмевка и душа исполнета.
Разговараше: Ивана Крстеска