Пет комбинации што можете да ги носите за Нова година, а ги позајмивме од Меган Маркл, идната англиска принцеза
Наскоро нова принцеза во земјата во која сите пијат чај
Откако и официјално беше потврдено дека Меган Маркл ќе стане дел од британското кралско семејство, јавноста не престанува да се интересира за неа. Па така откако дознавме каде ќе живеат младенците (види тука) и дека ова нема да и биде прв брак на идната принцеза, време е да се позанимаваме и со она што најмногу не интересира – а тоа секако е нејзиниот стил. Имено, од она што можевме да го видиме досега оваа жена обожава да носи женствени модни изданија, со повремени провокативни излети во вид на кратки фустани и длабоки деколтеа, а од дизајнерите што ги „фура“ тука се Ердем, Мајкл Корс и Миша Ноно.
Но не треба да заборавиме и дека убавата Меган ја очекуваат неколку важни промени откако ќе зачекори на кралскиот двор и ќе стане сопруга на принцот Хари.
Имено, членовите на кралското семејство се придржуваат до одредени (строги) правила, а тоа се однесува и на нивниот стил и облека, па така сосема очекувано е Меркл во блиска иднина да направи стилско свртување и да ја видиме во потполно ново светло.
Повеќе од сигурни сме дека нема да не разочара …