Пејачот Јордан Митев конечно откри дали е внук на 97-годишната Добрила за која сите зборуваат?!
Еве што вели Јордан за Добрила, но и што кажа Халид Муслимовиќ за нашиот познат фолк-пејач

Нашиот познат фолк-пејач Јордан Митев пријатно беше изненаден кога во една од најгледаните емисии го слушна своето име.
Имено, во последната емисија од „Никогаш не е доцна“, еден од најпознатите поп-фолк пејачи уште од времето на поранешна Југославија, легендарниот Халид Муслимовиќ, имаше само пофални зборови за Јордан. Тој го спомена Митев пред настапот на натпреварувач од Македонија, Тони Тушев (повеќе за овој настап прочитајте тука), а за нашиот фолк-пејач имаше само пофални зборови, откривајќи дека се многу добри пријатели.
„Скоро бев во Скопје, кај Јордан Митев, тој е мој добар пријател, и снимив една негова песна. Добар пејач, добар човек, добар музичар, образуван“, изјави пејачот и му посака среќа на кандидатот.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Инаку, Халид кариерата ја започна 1982 година и беше еден од најпознатите пејачи во Југославија со неколку милиони продадени плочи.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Потсетуваме, Јордан Митев, минатата година беше поканет во една емисија од ова популарно шоу да биде дел од жирито.
Тој тоа тогаш радо го прифати, а пред камерите изјави дека оваа емисија е една од омилените на неговите родители.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Неговото гостување во „Никогаш не е доцна“ привлече големо внимание кај многу гледачи, посебно кога седна на клавирот и ја изведе неговата популарна песна „Наздрави за љубов“ со која пејачот и го отвори ова популарно шоу за „ветерани“.
Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Тој при гостувањето откри и дали Добрила Чабриќ (97) навистина му е баба, а што изјави тогаш, погледнете во продолжение…