Маестро Симон Трпчески го крена Загреб на нозе, и диригентот му се придружи на клавир – ѕирнете во неверојатната атмосфера што ќе ви го разубави денот
Во петокот, 6 декември, македонскиот културен амбасадор во светот, маестро Симон Трпчески, одржа незаборавен концерт со Загрепската филхармонија во преполната сала Ватрослав Лисински.
На нашиот врвен пијанист му се придружи маестро Иван Репушиќ, диригентот, на изведбата на првиот бис, додека салата беше „на нозе“.
Секвенца од настапот во Загреб, сподели и Трпчески на својата фејсбук-страница.
„Фантастичен завршеток на „пинг-понг“ неделата помеѓу моите настапи во Ливерпул и Загреб!
Со Загрепската филхармонија по многу години и маестро Иван Репушиќ во полната сала на Лисински!
Прекрасна музика – Пијано концерт бр. 1 од Чајковски, топло прифатена од музичарите и публиката во Загреб!
Најдобри желби со хрватската премиера на соло пијано верзијата на делото од хрватскиот композитор, пијанист и професор – Роберт Штингл, „U se vrime godišća“ („Во ова време од годината“).
И симпатично изненадување за сите, со „Шеќерната самовила“ од „Оревокршачка“ на Чајковски, со придружба на маестро Репушиќ Прекрасна атмосфера за продолжување на празничниот период. Фала ти, Загреб!“, напиша Трпчески.