Огласи
Наши ѕвезди

Пејачката Андријана Јаневска никогаш поубава – ги воодушеви сите овој детаљ на нејзините нозе

Една од нашите омилени пејачки задно со Панчо и Андреј од ДНК имаше одличен настап во Германија...

advertisement
advert

Пејачката ги изненади сите и со својот изглед

Македонската поп ѕвезда Андријана Јаневска имаше настап за паметење пред нашите иселеници во Германија.

Таа настапи заедно со момците од ДНК, а сега се огласи на социјалните мрежи и го коментираше овој свој настап.

реклама

„Прекрасна ноќ во Дизелдорф! Благодарност до сите кои дојдоа и ја направија минатата вечер незаборавна!“, напиша Андријана и им се заблагодари на организацијата Македонско сонце од Дизелдроф за беспрекорната организација.

фото-принтскрин Фејсбук

Но покрај одличниот настап, Андријана истата вечер заблеска и во преубав фустан со кој блескаше од убавина на сцената.

Станува збор за „мало црно фустанче“ со асиметричен крој во горниот дел и со карнери во пределот на половината и ракавот.

Марpкетинг

И бидејќи креацијата беше со поприлично куса должина, во преден план беа убавите нозе на пејачката, кои таа дополнително ги истакна со необичните чизмички со реси и високи потпетици.

Потсетуваме, Андријана пред само десетина дена ги изненади сите и со својот спот за новата песна „Не биди тој“.

Станува збор за емотивна балада во која Андријана покрај пеењето свири и на виолина, додека на гитарите е нејзиниот сопруг. Како звучеше Андријана во својата последна песна, но и дел од настапот на ДНК во Германија, слушнете во продолжение…

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button