Реклама
Рецепти

ПАСТРМКА СО ОРИЗ – од рецептите на секси Перо

Реклама

Уште еден интересен рецепт од нашиот пријател секси Перо кој живее и работи во земјата на кенгурите. Овој пат станува збор за пастрмка со ориз.

Инаку, Перо не замоли што поскоро да му испратиме oхридска пастрмка, одвај чекал да се потсети на преубавиот вкус. Но кога на Skupe сакавме да му објаснивме дека полесно ќе испратиме марихуана по пошта, отколку пастрмка, тој не не разбра баш најубаво и не молеше да му ја исполниме желбата. 

Маркетинг

Едноставно, човекот не можеше да разбере дека не ни е ташко да ја спакуваме во некое плико, туку дека е забранета за ловење, па ако не фатат, би можеле сите да одговараме пред законот. Но, во следниот разговор ќе му објасниме…

Приготвување:

Маркетинг

Пастрмката треба добро да се очисти од внатрешните делови и да се измие со студена вода, а потоа се сече на парчиња (средна големина). Посебно во тенџере или подлабока тава се пржи кромидот исечен на тркалца, пиперките бабури и доматите. Кога сето тоа ќе се испржи се додава оризот, црвен и црн пипер, сол и магданос по вкус. Откако сето тоа заедно ќе се пропржи, се долива вода.

Оризот се истура во тава, а одозгора се додава рибата која може да биде свежа или малку пропржена по желба. Тавата се става во рерна да се пече најмалку 25 минути.

Еве што е потребно за 5 порции:

 Потребни состојки:

400 гр. Ориз
1.2 кг. Пстрмка
200 гр. Масло
800 гр. Кромид
Сол
Црн пипер
Магданос
3 свежи бабури
150 гр. Домати

Пријатен апетит.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button