Кафе муабет

Секогаш ви недостигаат пари? А дали ги пробавте овие мали трикови?

Advertisement

Паричникот е еден од работите без кои никогаш не излегуваме од дома.

Advertisement

Поради тоа во народот е врежано верувањето како дополнително да се подобри „работата“ со вашиот паричник. Дури и ако сте од тие што не сакаат да го носат со себе, тој сепак може да ви донесе среќа со парите и тоа така што во него постојано ќе чувате пари, редовно од него ќе земате и ќе ги трошите, но и ќе враќате пари во него.

За другите што не се делат од паричникот, народното верување советува: Што се однесува до бојата, жените би требало да носат златни или црвенозлатни паричници, бидејќи црвената е огнена боја, а златната, па таа е боја на златото. Огнот го топи металот, па според тоа вашиот паричник, според овие совети, би требало секогаш да биде полн со пари. Мажите, пак, би требало да носат кафени паричници со златни детали, поради тоа што земјената боја означува стабилност, па со тоа и таквиот паричник би требало да обезбедува стабилни приходи.Народното верување, исто така, налага паричникот секогаш да си го купите сами, за да ја избегнете лошата карма, која преку него може да ви ја проследи тој што ви го подарува. Доколку, пак, сте решиле да прифатите паричник на подарок, во него би требало да има и некоја банкнота.

Advertisement

Кога сте ги исполниле претходните услови, време е во паричникот да ставите и пари. Многу е важно банкнотите да бидат уредно сложени за да не ја блокираат енергијата на вашите финансии.

Покрај тоа, во партичникот никогаш не носете сметки, било да се платени или не, бидејќи со тоа ќе ја влечете енергијата на плаќање.

Како и да е, треба да бидете горди на паричникот и во него секогаш да имате пари, бидејќи тоа повикува прилив на уште пари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button