Реклама
Стил

Преголемите панталони и сакото за кои сите зборуваат

Реклама

Познатата дизајнерка повторно покажа дека е вистинска модна фраерка

Викторија Бекам (42) се прошета во оверзајз костум во кој изгледа одлично. Станува збор за панталони и сако во беж боја кои познатата британска дизајнерка ги носеше со проѕирна тегет блуза и капут во слична нијанса кој го држеше во рацете.

Маркетинг

Панталоните и сакото што ги носи Викторија се од нејзината колекција за есен/зима 2017. Високите црни платформи дополнително го издолжија нејзиното и онака витко тело додека нејзиното лице е сокриено зад темни очила за сонце без кои ретко можеме да ја видиме.

Маркетинг

Викторија во панталони кои секоја дама треба да ги има во своите плакари >>

Инаку, Викторија е надалеку позната по нејзиниот деловен и елегантен стил со кој инспирира бројни деловни жени од целиот свет.

Северина Којиќ VS Бијонсе VS Викторија Бекам – на која најдобро и стои ова шик здолниште >>

Таа ги преферира минималистичките стајлинзи кои особено и се драги, како и опасни високи потпетици од кои не се одвојува, а важи и за кралица на прекрасните комбинации со луди бои кои исто така ги носи одлично.

Па, дали ви се допаѓа стилот на оваа дама?

Е ова е за паметење – Викторија во розово здолниште >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button