Панчо и Андреј од ДНК им го разубавеа денот на група пензионерки – „за љубов и среќа не се потребни пари, треба само да си човек“ (видео)
„Да се има баба е благослов“.
И по 23 години успешна кариера, Панчо и Андреј од ДНК сѐ уште се со двете нозе на земја и популарноста воопшто не им удрила во глава.
И двајцата сакаат да се дружат, и од сѐ знаат да направат музика и забава, а тоа го покажува и најновото видео во кое се гледа како им го разубавија денот на група пензионери.
„Да се има баба е благослов. Денес снимајќи видео за ДНК случајно се сретнавме со група пензионерки од Илинден кои не замолија да им испееме некоја македонска песна и еве го резултатот. Ние им го разубавевме денот, но и они нас, а веруваме дека ќе ви го разубават и на вас.
За да се сподели љубов и среќа не се потребни пари, треба само да си човек“ – пишува во описот на видео-снимката.
Инаку, Панчо и Андреј освен по музиката познати се и по хуманоста.
Минатата година тие ја ставија статуетката освоена на „Златна бубамара“ за да соберат средства за лекување на момчето со тешка повреда на рбетот.
Лани, во ноември пак, Панчо „распали“ по една колешка со зборовите: „најбедно од се е дека компарираш музика со лицата со посебни потреби, е тоа укажува на твојот интелект и немање емпатија. Вака “слава” не се стекнува, туку само непочит од колеги ако воопшто спаѓаш во тој круг“.
Приватно, Панчо е посветен татко на Андреја и на Марјан, додека Андреј има девојченце, Јана. На двајцата мотото во животот им е „биди добар и живеј го животот затоа што е убав“.