Памела Андерсон се опрости од Хју Хефнер со видео кое никој не го очекуваше
Хју Хефнер од Памела Андерсон направи светска ѕвезда
Еве што напиша таа покрај видеото што го објави на Инстаграм:
Господнине Хефнер, имам толку мисли, но во моментов немам мозок што би ги обработил. Постојам заради тебе, ме имаш научено за се што е важно за слободата и почитта. Надвор од семејството ти беше најголема личност во мојот живот. Ми даде живот… Луѓето ми зборуваат дека ти бев омилена… Потполно сум во шок. Беше стар, грбот те болеше многу. Последен пат кога те видов, користеше помагало за одење и не сакаше тоа да го видам. Не слушаше. Имаше парче хартија во џебот кој ми го покажа, а на него пишуваше Памела и наоколу имаше нацртано срце. Сега се распаѓам. Ова чувство е лудило. Во Париз во моментов паѓа дожд. Покрај прозорот сум. Сето што луѓето го сакаат кај мене е поради тоа што ме разбираше. Ме прифати, и ме охрабри да бидам она што сум. Сакај како што никој не сакал. Живеам со полни гради, без кочници. Ми кажа дека твојот магазин е за девојка како мене, дека сум олицетворение на духот за кој мечтаеше. Јас бев таа, така ми рече. И денес можам да слушнам која зборуваш – биди храбра, нема правила. Живеј го својот живот, горд сум на тебе. Нема грешки. А со мажите – уживај.. (и твојата прекрасна насмевка). Го имаш светот под нозете, ти си добра девојка, и толку сакана – не си луда. Дива си и слободна, остани силна, остани ранлива.. „Време е за филмови“… Ги сакаше моите момчиња, секогаш беше тука за нас… Со својата љубов, со твојата луда мудрост. Се ќе ми недостига. Ти благодарам што го направи светот подобро место. Послободно и посексапилно место. Беше џентлмен, шармантен, елегантен, галантен и толку забавен. Збогум Хеф.. твоја Памела“ напиша една од најпознатите Плејбој зајачици на сите времиња .
https://www.instagram.com/p/BZkyhOylX6A/