Вирално

Oваа мајка доби срамна казна откако се обиде на богаташ да ја продаде невиноста на 13- годишната ќерка (ФОТО)

Advertisement

Триесет и петгодишната руска државјанка Ирина Гладкик го привлече вниманието на светските медиуми откако се обиде да ја продаде невиноста на својата 13-годишна ќерка на богаташ за милион и пол рубљи.

Како што јавува британски Daily Mail таа е осудена на срамна затворска казна од четири ипол години.Гладкик, која работи како агент за продажба на недвижности, е уапсена во заседа на полицијата заедно со нејзината пријателка.

Advertisement

Ирина и пријателката одлетале од Чељабинск за Москва со малолетното девојче за да ја продадат неговата невиност на „богатиот клиент“ за милион и пол рубљи (19.000 долари).

Мајката го признала злосторството во текот на испитувањето, на шокантната снимка која ја објавила Министерството за внатрешни работи на Русија.– Дојдовме во Москва да го запознаеаме богаташот кој ќе ни платеше за сексуалните услуги на мојата ќерка – рекла мајката.

Пријателката на Ирина рекла дека целта на патувањето била продажбата на правата на првата ноќ со девојчето. Мајката и пријателката се уапсени во еден ресторан во Москва.

Advertisement

Мајката не знаела дека преговара со полициски службеник за продавањето на невиноста на ќерката. Штом ги земала парите, мајката била уапсена. Девојчето било згрижено откако било однесено во московската болница.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button