Што мислите, дали овој тренд од 90-тите би можел повторно да ја освои модната сцена?
Кара Делевињ на модната недела во Париз
Овие денови во градот на светлината се одржува Paris Fashion Week Haute Couture, а вчерашниот ден помина во знакот на ревијата на Шанел која привлече голем број обожаватели на делото на Карл Лагерфелд. Една од гостинките беше и Кара Делевињ која ги воодушеви сите со својот необичен стајлинг. Таа се појави во широки црни кожни панталони кои ги носеше во комбинација со чизми и тесна бела маица. Но она што предизвика најмногу внимание во целата комбинација се модните додатоци – трендсетерката носеше чокери, но и нараквицата за над лактите кои беа популарни во почетокот на 90-тите. Тие беа мошне популарни меѓу ѕвездите, а и девојките од Spice Girls многу често носеа вакви украси.
Па, што мислите, дали овие нараквици би можеле повторно да бидат хит?