Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Овие хороскопски знаци избегнуваат да бидат во врска затоа што се плашат да не бидат повредени

Реклама

Кога со некој започнувате врска, преземате ризик за на крај да останете повреди. Токму од тоа се плашат следниве хороскопски знаци и затоа многу ретко се врзуваат за другите личности.

ФОТО: hostelworld.com

Водолија

Водолиите сметаат дека колку помалку се впуштаат во љубовните води, толку помали се шансите да бидат повредени. Уживаат во друштвото на другите луѓе, но си држат одредено растојание. Во повеќето случаеви делуваат незаинтересирано, но тоа е само маска која ги штити.

Стрелец

Стрелците сакаат работите да бидат лесни и едноставни. Припадниците на овој знак биле повредени многу пати, па затоа не сакаат повторно да поминуваат низ истото. За да избегнат врска, Стрелците најчесто ја менуваат својата локација. Стрелците не се индеферентни, навистина имаат интерес, но полесно им е да ги игнорираат емоциите и да продолжат понатаму.

Маркетинг

Девица

За Девиците, емотивното воздржување е механизам за одбрана. Ако не се впуштат во љубовни врски, мала е шансата да бидат повредени. Тие ќе бидат искрени и отворено ќе ви кажат дека не се спремни за врска, но и дека во иднина би можеле да бидат. Припадниците на овој хороскопски знак нема да ви дадат лажна надеж.

Вага

Вагите се плашат од било каква емоционална болка и патење, па ќе одржуваат површен однос, без длабоки емоции. Тие не сакаат неволја, ниту пак некому да го скршат срцето.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button