Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дамите родени во овие хороскопски знаци можат да ви пружат НЕЗАБОРАВЕН секс

Реклама

Изгледа дека овие дами најдобро ги знаат своите способности, па затоа кога се во кревет можат да го доведат мажот до лудило. Еве ја оваа жешка листа.

ФОТО: dailymail.co.uk

Лав

Таа е доминантна господарка на која не смее да и се спротивставите. Страствена е и жестока во кревет, бара да биде освоена само до најдобриот. Често доведува двајца мажи до кавга заради неа. Инстинктивна е и знае да ги открие сите ерогени зони на партнерот. Театрална е и оригинална. Иако сака да доминира, фантазира за мажи кои се строги и доминантни во кревет.

Скорпија

Љубоморна е и посесивна, нетолерантна и инатлива, но нејзините претчувства никогаш не ја лажат. Ова е атрактивна и храбра жена која има многу бујна фантазија и отровен јазик. Сака се што е пикантно, вклучувајќи ги и мажите кои знаат лутината и бесот да ги истурат во кревет.

Маркетинг

Овен

Нејзиното либидо е секогаш незадоволено, но затоа секогаш знае точно што сака и бара. Недвосмислено иницира секс ако и е до тоа, а кога не и е – знае да одбие. Мажите ја обожаваат затоа што знае да провоцира, динамична е, но не и веруваат често затоа што секогаш има изговор дека некој маж ѝ е пријател.

Стрелец

Таа е неконвенционална жена која во животот се смета за рамна со мажите, па затоа нема срам да иницира секс. Но, под целиот огнен темперамент се крие романтична душа. Додека не се појави вистинскиот подготвена е да ризикува и да се впушта во секс авантури. Креветот не ја привлекува нешто посебно, туку сака секс под отворено небо. Мажите ја сакаат затоа што е без предрасуди. Ако легнете со жена Стрелец, очекувајте многу лекции за тоа што жените сакаат и што им треба.

Маркетинг

Водолија

Оваа жена е непредвидлива и никогаш не можете да знаете дали ќе прифати секс или не. Сака мажи кои живеат брзо темпо, а адреналинот за нив е идеалната предигра. Кај неа желбата за секс се појавува во моментот и ако не и ја реализирате тука и сега, после ќе ви биде доцна. Способна е да пружи повеќе оргазми одеднаш.

Поврзано

Back to top button