Реклама
Култура[тор]

Многу овации и аплауз за „Трето Полувреме“ на Браќа Манаки

Реклама

Филмот на Дарко Митревски „Трето Полувреме“, кој вчера ја имаше својата премиера на филмскиот фестивал во Битола, Браќа Манаки, беше бурно поздравен, со стоечки овации и солзи на лицата на голем дел присутни…

Приказната која го инспирирала Митревски да го напише сценариото е од животната приказна на  македонската Еврејка Нета Коен, која е една од ретките припадници на еврејската заедница во Македонија, која успеала да се спаси од депортацијата на евреите во Втората светска војна. Таа побегнала со фудбалерот на тогашниот фудбалски клуб ФК Македонија.

Маркетинг

alt

Еве како на кратко Дарко Митревски ја раскажува приказната за тоа како дошол до идејата за правењето на овој филм:

Маркетинг

Поминаа 12 години откако сосема случајно работејќи на една документарна серија влегов во домот на Нета Коен. Таму слушнав приказна на која и денес кога ќе се сетам не можам да останам емотивно рамнодушен. Таа ми ја раскажа животната трагедија, но и нејзната најголема победа. Како низ нејзината забранета љубов продолжила лозата на нејзините предци кои биле изгорени во гасните логори во Треблинка. Ми рече, ’види што сум изродила. Види заради мојот грев колку животи сум дала.‘

Кога излегов од таму знаев дека во рацете имам нешто многу повеќе од документарен филм. Знаев дека ја имам последната сцена од мојот нареден игран филм “

Оваа вистинска приказна за тешкиот живот, страдање и забранета љубов ретко кого остави рамнодушен во салата за проекции во домот на култура во Битола. Меѓу оние ’најпотресените‘ беше министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска, која со воодушевување говореше за филмот и му посака многу успех и гледачи насекаде низ светот.

Инаку, поради големиот интерес за филмов, веднаш после премиерата, се случи и репризна проекција!

{youtube}UJbt4oIBP7E{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button