Оваа убавица му е сопруга на ракометарот што цела Македонија го сакаше – и таа е врвна спортистка
Нивната ќерка се роди во Скопје
Тимур е поприлично активен и на Инстаграм, а од неговите објави може да видииме дека е успешен и на домашен терен.
Еден од омилените ракометари што го обожаваше цела држава и кој не сакаше да замине од Македонија реши да стави точка на својата карира.
Станува збор за рускиот ракометар Тимур Дибиров (41) кој во дресот на нашиот Вардар двапати беше освојувач на Лига на шампионите.
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Тимур неодамна за европските медиуми изјави дека му недостигаат неговата сопруга и ќеркичката кои се во Ростов и дека затоа одлучил ова да биде неговата последна професионална сезона и да стави крај на својата богата кариера.
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Имено, бестрашното лево крило кој за Вардар играше од 2013 до 2022 година е во среќен брак со некогашната златна репрезентативка на Русија, Ирина Полторатскаја Дибирова (45).
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Тој е супер татко и сопруг, а семејството за него е најголемо богатство…
Тие се во среќен брак, а круна на нивната љубов се синот Мурад и ќерката Тиана. И додека Тимур е во Загреб заедно со синот, неговата сопруга и ќерката се во Ростов, па ракометарот неодамна откри дека планира да ја доигра оваа сезона и потоа да се пензионира за да биде поблиску до неговото семејство.
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Тимур и Ирина се во брак од 2011 година, а поранешната ракометарка својата кариера ја заврши една година претходно.
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Ирина беше една од најдобрите руски ракометарки и репрезентативка, со освоени многу медали од речиси сите поголеми натпревари, а ќерката Тиана ја роди во Македонија додека нејзиниот сопруг играше за Вардар, тимот со кој тој двапати ја освои Лигата на шампоните.
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Инстаграм/ Тимур Дибиров
Инстаграм/ Тимур Дибиров