Реклама
Вирално

Ова е жената што монструмот од Босна ѝ пукаше во глава и злосторството го пренесуваше во живо (фото)

Босанскиот бодибилдер призна во живо дека ја убил мајката на своето дете и уште двајца други случајни жртви

Реклама

Убавице моја најмила се уште не можам да верувам дека ова можеше да се случи, те сака твојата сестра најмногу“, пишуваат најблиските на убиената Невзета Хеќимовиќ која денес попладне беше убиена од страна на Нермин Сулејмановиќ од Градачац.

На социјалните мрежи се шири фотографија со потресни зборови, на кои се наведува „Жена, сопруга, мајка. Убиена бидејќи пријави насилство.“

Бројни пријатели и роднини на убиената жена објавуваат на социјалните мрежи црни слики со денешен датум, за да не се заборави ваквиот злочин кој го шокираше целиот регион.

Маркетинг

Принтскрин/ Социјални мрежи

Нермин Сулејмановиќ во својот крвав пир најпрво ја уби Невзета Хеќимовиќ, невенчаната сопруга на Сулејмановиќ.

Маркетинг

Потоа Сулејмановиќ монструозно ги уби Џенгиз Ондер и Џенгиз Денз, татко и син, турски државјани, објави Аваз, а го рани и полицаецот Хисеин Коториќ кој набргу им подлегна на повредите.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Силејмановиќ уби татко и син, и тешко рани една жена. Станува збор за сопруга и мајка на убиените турски државјани.

Како што пренесуваат медиумите, Сулејмановиќ најпрво ја убил својата сопруга, а самиот злочин го пуштил во живо на Инстаграм.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Но тој не застана тука, туку го продолжи својот крвав пир.

Тој потоа се јави повторно на Инстаграм, од непозната локација и зборуваше за тоа како го извршил злосторството.

Принтскрин/ Социјални мрежи

„Убив татко и син. Како ми налетаа само Господ знае. Убив и жена и двајца душмани. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо“, вели тој во снимката што кружи на интернет, пренесува порталот „Аваз“.

„Ги предупредував сите по ред дека ќе дојде до ова. Осум дена го крие детето од мене“, вели убиецот во своето видео.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Како што пренесуваат медиумите, првата жртва на Сулејмановиќ беше неговата сопруга, Невзета Хакимовиќ. .

Еве да видите како изгледа убиство во живо, порача убиецот пред да го изврши крвавиот пир со кој го шокираше регионот.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Видеото нема да го објавиме, иако неговиот пренос во живо во еден момент го гледаа 15.000 луѓе. Исто така и не препорачуваме да го гледате заради вознемирувачката содржина во него.

Потсетуваме, Градачац беше под опсада заради невиден злочин што се случи денес попладне, во кој маж ја уби својата сопруга и злосторството го пренесуваше во живо на Инстаграм.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Потоа на снимката може да се види како Сулејмановуќ, кој е бодибилдер и фитнес тренер, заминува од местото на трагедијата.

Убиецот изврши самоубиство откако беше лоциран од полицијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button