Отстранете ја шминката од вашето лице со целосно природни производи
Различни производи за отстранување на шминката може да бидат доста скапи, па затоа денес ви прикажуваме нешто евтино, а многу подобро од купените препарати.
Различни производи за отстранување на шминката може да бидат доста скапи, па затоа денес ќе ви прикажеме нешто што е евтино, а многу подобро од препаратите кои обично ги купуваме. Сé што ви е потребно е алое вера. Оваа билка која е позната и како елискир на долговечноста можете да ја одгледувате во вашиот дом, а е и многу популарна при што можете да ја купите и во цвеќара или супермаркет. Една билка ќе ви биде доволна да приготвувате производи за наредните неколку месеци. Еве што поточно ќе ви треба за приготвување на овој производ:
– Еден лист алое вера
– 0,5 милилитри кокосово масло
– Неколку капки масло од лаванда
Подготовка:
Исечете помал лист алое вера и добро измијте го. Состојките измешајте ги во блендер, а потоа добиената смеса ставете ја во тегла.
Прво ќе се шокорате, а потоа и воодушевите од овој корејски пилинг за лице >>
Овој производ не само што ќе ви помогне да ја отстраните шминката, туку ќе му даде на вашето лице доволно хранливи состојки кои ќе ја направат вашата кожа поздрава и поблескава.