Отец Пимен со топлина пред Раѓањето – „ако тврдите дека Господ Бог нè сочувал до денес затоа што сме Македонци, а не дека сме Христови…“
Има нешто толку прекрасно во отец Пимен и во зборовите што носат толкава утеха, што не одолеавме да не ги споделиме понатаму.
И додека го чекамe Рождеството на Христа, убаво е да се слушне повторно и пак отец Пимен во овие претпразнични денови. И повторно и пак да го прочитаме.
Затоа, дословно ви го пренесуваме.
„И додека го чекаме Рождеството на Христа. Пак и пак да си спомнеме…
Одамна кажано, сѐ уште актуелно…
Ако верувате дека Рождеството Христово е само симболика,
Ако верувате дека Рождеството Христово е само историски настан,
Ако не верувате дека Христос се роди и постојано се раѓа како совршен Бог и совршен човек во сета полнота,
Ако мислите дека Христос дојде да донесе мир и меѓу луѓето добра воља, а истите тие не ве обрзуваат вас како христијани да ги исполнувате, туку постојано се јадете до истребување,
Ако знаете колку пати сме спомнати во Библијата, а не знаете колку евенгелија има во неа,
Ако тврдите дека тоа што сме спомнати во Библијата е чалам, но не и обврска да бидеме подобри луѓе,
Ако верувате дека Еденската градина наместо на небесата е во Македонија,
Ако тврдите дека Господ Бог нè сочувал до денес затоа што сме Македонци, а не дека сме Христови,
Ако постот го завршувате денес, а за десерт си го принесувате братот кој ве опоменал дека ваквото однесување е форма без суштина, останете покрај огновите. Нека ви бидат топли телата кога веќе ви оладеле срцата.
Христос пак и пак ќе се роди за сите и за сè, за да ни даде урнек какви треба да бидеме и како треба да живееме и љубиме.
Новородениот ќе дојде не само меѓу оние што ќе дојдат на литургијата, ќе дојде и меѓу оние крај огновите за да види дали ќе му дадат корка леб и да ја види добрата воља и дали го живеат мирот кој Он му го даде на светот и ангелот Божји го соопшти при Рождеството или уште се ловат вештерки за кривецот постојано да биде некој друг, а не секој од нас лично со своите гревови.
Ќе дојде можеби и ќе побара едно дрвце за дома за да згрее снага и ќе го добие дрвото по грбот бидејќи сме го осудиле како неработник.
И пак.
Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го споменувате напразно Името Божјо.
За многу години предвечерието на Рождеството Христово“ – напиша отец Пимен на својата фејсбук-страничка.
Има нешто толку прекрасно во овој отец и во зборовите што носат толкава утеха, што не одолеавме да не ги споделиме понатаму.