Диети

Ослабете 2 килограми неделно со познатата диета „без вечера“

Реклама
Реклама

Денес многу луѓе имаат проблем со вишок на килограми, а уште повеќе луѓе постојано се трудат да ја одржуваат саканата тежина со вежбање и соодветна диета.

Секојдневно се појавуваат нови и нови диети, од кои некои даваат одлични резултати, а некои, за жал не. Од морето на диети секој треба да си ја најде соодветната за неговиот организам, пол и возраст (најдобро во консултации со доктор). Секако, многу е тешко да се спроведуваат диети кои освен гладувањето, карактеристично за сите диети, налагаат и одреден распоред и точно утврдени намирници кои треба да се јадат во определено време. Наспроти ваквите диети во последно време во Америка стана многу популарна диетата „без вечера“ со која можат да се губат и до два килограми неделно. Секако, ако не фаќате кривини!

Маркетинг

Оваа диета е многу лесна и едноставна и не бара никакви посебни намирници и дополнителни трошоци. Единственото правило на диетата е дека треба да ја прескокнете вечерата, односно дека по 16 часот не треба да се јаде ништо до наредното утро. 16 часот е утврдената граница за луѓето кои порано си легнуваат и порано стануваат, но доколку имате поинаков биоритам, или сте „ноќна птица“, терминот може да се помести при што растојанието помеѓу последниот оброк претходниот ден и првиот оброк наредниот ден треба да биде барем 14 часа.

Маркетинг

Најважно во врска со оваа диета е да си дадете малку време да се прилагоди организмот на промените. На почетокот ќе бидете постојано гладни и треба да издржите бидејќи по кратко време организмот ќе се навикне на новата состојба. На крајот на краиштата, гладот е нормална состојба на човекот и најдобро е на спиење да одиме гладни. Кога си легнуваме гладни нашата енергија, којашто телото би ја користело за варење на храната, се троши за отстранување на штетните материи, зголемување на нивото на хормони и регенерација на клетките. Секојдневното внесување на преголеми количини храна го преоптеретува желудникот, предизвикува оштетување на многу органи, здравствени проблеми и вишок на килограми. Затоа е најдобро одредено време да не внесуваме храна и да му дадеме простор на желудникот да се одмори и телото да се регенерира.

Значи, во согласност со оваа диета, по 16 часот не треба да јадете ништо. Можете да пиете вода, растителни чаеви и други напитоци кои не содржат калории со што ќе се намали чувството на глад и ќе се елиминираат отровите наталожени во текот на денот.

Американскиот истражувачки центар за диететика утврдил дека спроведувањето на оваа диета има неколку придобивки како: намалување на телесната тежина, продолжување на младоста односно одложување на стареењето и подобар сон. Искуствата со оваа диета се главно позитивни, а резултатите на луѓето кои престанале да јадат по 16 часот се навистина импресивни. Во првата недела се губат 1-2 килограми, а потоа килограмите се губат побрзо. Луѓето кои ја применуваат оваа диета изгубиле 18-20 килограми за две години, при што изгубените килограми не се враќаат поради тоа што организмот се привикнува на новиот режим на исхрана.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button