Диети

Ослабете без диети

Реклама
Реклама

„Една компанија од California неодамна лансираше нов продукт на пазарот за здравје, кој може да даде големи резултати во борбата со големата телесна тежина.“

Името на компанијата е Sensa и начинот за запирање на големиот апетит е навистина иновативен. Но прво да ја објасниме теоријата на тимот, која што стои зад продуктот.

„Очигледен факт е дека јадеме многу. Испаѓа дека умот ни е програмиран на тој начин. Низ процесот на еволуција и историја, храната била дефицитарна категорија, па така луѓето се научиле да јадат колку што можат повеќе кога имаат доволно количество на располагање. На жалост кога храната е богата со калории (како што е во денешно време) , резултатите се грди.“

Маркетинг

Еден од тимот зад оваа теорија е Д-р Alan Hirsh, чија што специјализација е разбирањето на тоа како работат нашите сетила (пред сé носот и вкусот) и како тоа делува на умот. Со проучувањето на пациенти кои имаат проблеми или сосем ги загубиле овие сетила, дошол до заклучок дека одредени мириси имаат големо влијание на работата на мозокот.

Маркетинг

Dr. Hirsh изучувал стотици состојки и после повеќегодишна работа, развил цел сет на распрскувачи за храна без никаков мирис и арома, кои имаат големо влијание врз центарот за контрола на апетит, кој тој го нарекува – „Вкусовник“. Потоа бил направен експеримент кој дал извонредни резултати.

Во период од 6 месеци, 1 463 мажи и жени ја прскале храната со безвкусните препарати и загубиле околу 14 килограми од телесната тежина. И сето тоа без следење на некакви упатства за диета или вежби.

Најдобро од сé е што овој продукт нема никакви нус-појави. Едноставно овозможува да јадете помалку од хранатa што ја сакате, што значи дека добивате поголемо задоволство, со помала количина на храна.

Името на овој пронајдок го носи името на самата компанија, Sensa и наскоро ќе биде пласиран на пазарот за широка употреба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button