Опра Винфри ги изненади сите со ова „кежуал“ издание
Познатата водителка која обожаваме да ја гледаме на малите екрани не воодушеви со нејзиното младешко „кежуал“ издание со кое се појави на лондонските улици. Имено Опра која престана да го снима своето легендарно шоу, и тоа по 5000-та емисија, се фрли во актерските води.
Таа заедно со Рис Видерспун и Минди Кејлинг го снимаше авантуристичкиот филм „A Wrinkle in Time“ настанат по истоимената книга од 1962 година. Водителката деновиве е во Лондон каде го промовира филмот, а своето слободно време го користи за разгледување и прошетка низ градот.
Познатата 64 годишна водителка беше фатена на излегување од хотелот во издание во кое носи „skinny“ фармерки и црни патики со сатенска врвца, додека во горниот дел носеше црна широка туника на преклопување.