Огласи
Огласи 2
Култура[тор]

Опасност! Највисок напон: Електронските изведувачи на Exit!

Огласи 3

alt

Овој јули на Exit фестивал атмосферата ќе биде преполна со електрицитет, токму како пред летна бура! Dance Arena, Main Stage, Happynovisad и Elektrana со гордост ги објавуваат изведувачите кои се меѓу најпрогресивните во своите музички жанрови, а нивната наелектризираност ова лето ќе го предизвика електричното поле на петроварадинската тврдина, од 12ти до 15ти јули во Нови Сад.

На импресивниот лајн-ап на Dance Arena ќе се придружи и Knife Party! Музичкиот проект на Rob и Gareth од составот на Pendulum, ова електро хаус/дабстеп дуо од Австралија ќе настапи на Dance Arena на 15ти јули, па подгответе се за Exit! 

Помеѓу новите имиња е и Jacques Lu Cont, име кое гарантира одлична забава на тврдината! Човекот со многу имиња – Les Rythmes Digitales, Paper Faces, Man With Guitar и Thin White Duke, ја стекна актуелната супер-популарност благодарение најмногу на наеговата соработка со Madonna, која траеше скоро цела деценија и кулминираше со нејзиниот легендарен албум  “Confessions on a Dance Floor”, токму во негова продукција. Jacques Lu Cont својата блескава досегашна кариера ја круниса со три Grammy награди, кои беа резултат на неговите безбројни оригинални изданија и ремикси. 

alt

Во четврток, на Dance Arena ќе настапи и Eats Everything, британскиот продуцент кој последниве години експлодира во андерграунд хаус сцената, неговото име заблеска на BBC Radio 1, а во моментов својата музика ја издава за Hot Creations, dirtybird, Hypercolour, Greco Roman и многу други етикети. Настапот на овогодинешниот Exit претставува уште една станица во пребукираната година на овој продуцент, кој доаѓа на Exit со неговиот колега од иста издавачка етикета, американскиот продуцент  Claude VonStroke. Неговата нумера “Deep Throat”, распродадена во десетици илјади копии, како и  “Who’s Afraid Of Detroit”, го трансформираа продуцентот од Детроит  во диџеј ѕвезда постојано на светски турнеи, а неговата етикета “dirtybird”, прерасна во примарен извозник на електронската музика од САД.  

Истиот ден, продолжува со американско-германскиот технохаус/електропоп состав Benoit & Sergio и нивниот извонреден пристап кон хаус и техно музиката, а очекувајте средба со продуцентската и лирична уникатност која ќе ви покаже зошто тие важат за едно од најпознатите и најинтересните изданија на денс музиката денес. Ним ќе им се придружат и пионерите на германските и лондонските андергроунд кругови, Tobi Neuman b2b Geddes. Произлегувајќи од ценетата подземна сцена во Германија и Лондон, Tobi Neuman резидент на берлинските Watergate и Weekend, а Geddes предводник на најголемите и култни лондонски андерграунд забави. Нивниот различен микс се развива во музика со сопствена мекост и темен призвук, балансирајќи се на префинетата, речиси непрепознатлива линија помеѓу хаус и техно звукот: секси и пријатен финиш на совршената саботна вечер.  

alt

After 2AM програмата на главната фестивалска бина традиционално ќе ги угости некои од најголемите имиња на светската драм’ен’бејс и дабстеп сцена. Вториот фестивалски ден во рамките на оваа програма ќе настапи предводникот  на новата школа за d’n’b таленти во Европа, и  ѕвездата на етикетата Hospital, Netsky. Покрај неговиот нов сингл, „Come Alive“, кој излегува на 21ви мај, ќе се подготвиме и за неговиот втор по ред студиски албум, најавен за јуни. Истиот ден настапува и британскиот електронски продуцентски тим, Drumsound & Bassline Smith, кој го сочинуваат, Andrew Wright, Benjamin Wiggett (Drumsound) и Simon ‘Bassline’ Smith, здружени под својата етикета Technique Recordings. Милениците на BBC Radio 1 во август минатата година го објавија синглот „Close“ , кој освои награда за најдобра нумера на церемонијата „Official Drum & Bass Awards“. Посебна поддршка на d’n’b ѕвездите на After 2 програмата на главната бина на Exit фестивал, Netsky и Drumsound & Bassline Smith, ќе пружи и MC Dynamite, глобтротер и проповедник на џангл и d’n’b, но и хип хоп, дабстеп и реге подиумите. 

alt

After 2AM програмата на главната фестивалска бина, на 14ти јули ќе го угости израелскиот дабстеп продуцент и диџеј, Asaf Borgera алијас Borgore. Тој за себе вели дека е млад човек кој ги следи своите соништа, приватните плажи и Олсен близначките, додека својот музички жанр, специфичната мешавина на драм ритмови со хеви метал влијанија, го дефинира како „Gorestep“. Конечно, последниот ден на фестивалот ќе настапи и англискиот музичар, диџеј, визуелен уметник, актер и ѕвезда, Goldie, а друштво ќе му прави еден од најтиражните и најиновативните емсија од светот на драм’н’бејс и дабстеп, SP:MC. 

Втората по големина електронска бина на EXIT фестивалот и местото кое веќе со години го собира кремот на алтернативната електроника, Happynovisad и оваа година подготвува програма по мерка на љубителите на најпрогресивните музички жанрови.  

alt

Во петок, 13ти јули потврдени се настапите на изведувачите со исклучително влијание и конзистентниот квалитет на Hotflush Recordings етикетата. Британскиот продуцент моментално стациониран во Берлин, Sigha, е еден од водечките техно продуценти на оваа етикета. Во петок на HNS доаѓа и Tim Van de Meutter a.k.a. Locked Groove, кој преку својата продукција ја создава уникатната, експлозивна мешавина на дип хаус со која, иако е уште на самиот почеток на кариерата, веќе достигнува статус на ѕвезда. Конечно, уште една ѕвезда од Hotflush етикетата, George Fitzgerald, познат по оригиналната мешавина на хаус, гараж, техно и дабстеп,  доаѓа за втората Exit вечер на Happynovisad бината да ја направи незаборавна! 

Во сабота, 14ти јули не очекува настапот на младиот продуцент од Белфаст, кој се вика  Jack Hamill, а популарноста ја стекна под името Space Dimension Controller. За себе вели дека е роден некаде во 24тиот век. За наша среќа, се врати низ времето, го тресна својот Електропод и се заглави тука токму за да не привлече со своите фанки електронски изданија. Додека не се врати во 2352ра година, ќе мора да лета со старомодните авиони и да ги полни подиумите ширум нашата примитивна планета. 

alt

Електрана бината, култното место на насмевнатите љубители на електро сцената и промотерот на различностите, неонот и шљокиците, најавува импозантна листа, покрај веќе потврдените Sneaky Sound System и When Saints Go Machine.  

Во четврток, 12ти јули на најавените When Saints Go Machine им се придружува миленикот на подиумите, Christian Strobe, чедото на поп музиката од осумдесеттите години, кој заврши како вонбрачно дете на инди музиката, козмик хаус и ну-диско. Ден подоцна, на Elektranа бината настапуваат  Thieves Like Us, сега петочлен бенд кој успева да ги помири пост панкот, њу вејвот, итало диско музиката, синтпопот и повторно да биде бенд кој звучи толку електропоп, што на нивните свирки единствено ќе посакате полетно да танцувата! Истиот ден не очекува и музичкиот гениј од Грција, Nikkon, чиј опус може најдобро да се опише како чил-аут електроника потопена со сонливите женски вокали кои на неговата музика и даваат посебна длабочина и префинетост. 

alt

Ударниот ден на фестивалот, во сабота навечер ќе настапи рускиот електро-поп/електро-фанк дует формиран во 2009та година, Tapeaters. Нивниот звук е изрезбарен преку топлината на винтиџ синтисајзер тоновите, фанки вајбот и повеќеслојните пратечки вокали претопени во единствена емоција. Нешто сосема поинакво ќе ни пружи DAT Politics, еден од најважните електро-егзатик бендови на планетата. Нив ги одликува грубо наострено турбо поп расположение, додека преку своите компјутери создаваат неочекувана мелодија за танцување. 

Последниот ден на фестивалот на Elektrana настапуваат Franz + Shape, Detachments и A Terrible Splendour. Единствениот звук на италијанското дуо Franz+Shape спојува ејсид вејв и електро, настапот им се одликува со одличен електро звук во комбинација со синт, тапани и семплери, а гужвата на подиум е нивната природна средина! Предводени од ланкастерскиот креативец под името Bastien Marshal, кој е покрај тоа и уметник, графички дизајнер, диџеј и глумец, Detachments претставува интересен пост-панк-електроклеш примерок. Сега подготвуваат нов албум, а веќе се пофалија дека издавач ќе им биде ни повеќе ни помалку, туку Peter Hook (Joy Division/New Order).  Конечно, A Terrible Splendour е лондонско дуо кое го сочинуваат MM Lyle (синт, вокал и звучни ефекти) и Martin Block (вокал, синтисајзер, металофон), а кој низ музиката раскажуваат бајки за уцените и очајот, злобата и безнадежноста. Својот музички правец го нарекуваат „ново романтично кабаре“, а инспирирани од уметноста на Fischerspooner, Visage и Gine X, не е ни чудо што нивниот звук е завиен во темен и мрачен синт поп.   

Настапот на овогодинешниот Exit фестивал кој ќе се одржи од 12. до 15. јули на Петроварадинската тврдина до сега го потврдија: 

Guns N’ Roses, Duran Duran, New Order, Erykah Badu, Plan B, Avicii, Richie Hawtin, Gossip, Wolfmother, Luciano, Laurent Garnier LBS, Miss Kittin, Hercules & Love Affair, The Toy Dolls, Skindred, Little Dragon, Felix Da Housecat,Totally Enormous Extinct Dinosaurs, Azari& III, BurakaSomSistema, Sneaky Soundsystem,Art Department, MaceoPlex, Reboot live, Brodinksi, Kenny Larkin,  Robert Dietz, Citizens!, D.R.I.,When Saints Go Machine, MaayanNidam, Street Dogs, Lone, Pariah, Teengirl Fantasy live, The Chain 

Влезниците за Exit кој ќе се одржи од 12. до 15. јули 2012. се во продажба. Повеќе информации за влезниците и продажните места може да најдете на: www.exitfest.org и www.mktickets.mk.

    Цена на влезници:                                               Влезници во продажба:

Премиум пакет: 6.150 ден.                                                  mktickets.mk    

Фестивалска: 3.650 ден.                                                   Југотон Рекордс

Еднодневни билети: 

1.990 ден. (четврток, петок и недела)

2.110 ден. (сабота).

Превоз: 2.800 ден.

Време имате, ама и немате баш за да размислувате дали да одите или не… Бидејќи времето е пари, а колку повеќе време истекува – толку помалку пари ќе имате за да купите влезница!!!

{youtube}EseB1_1i1BY{/youtube}

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button