Реклама
Коса

Опаѓање на косата – најчести прашања и одговори

Реклама

„Иако губењето на косата го сметаме за појава која најчесто ги напаѓа мажите и жените не се поштедени – всушност косата кај жените опаѓа исто како и кај мажите, но сепак тоа не е толку очигледно.“

Најчесто губењето на косата кај жените (како и кај мажите) е наследно. Хормоналните промени, бременоста и големиот стрес исто така можат да бидат причини за слабеење и опаѓање на косата. Ова е сериозен проблем кој предизвикува страв и срам и кој во некои случаи може да се покаже како тежок за лекување. Да разгледаме кога е нормално да се губи косата, кога треба да се лекуваме и како да се справиме со овој проблем.

Маркетинг

Што претставува „нормално“ опаѓање на косата?

Косата има три фази: фаза на растење (околу 90 проценти од нашата коса е во оваа фаза во кој било момент и останува една до две години); фаза на мирување (8 проценти од косата е во оваа фаза три до четири месеци); и фаза на опаѓање (на која отпаѓаат последните 1-2 проценти од нашата коса. За среќа, растењето на влакната не е синхронизирано, инаку за неколку години сите би оќелавувале! Ова исто така значи дека е нормално да се губи одредена количина на коса секојдневно – 100 – 150 влакна, во зависност од тоа колку коса имате. Ако вашата коса е долга овие 150 влакна можат да изгледаат како сериозна количина!

Маркетинг

alt

 

Дали жените треба да се загрижат ако забележат ненадејно опаѓање на косата, што значи тоа?

Количината на коса која опаѓа секојдневно зависи и од тоа како ја негуваме нашата коса. Ако ја чешламе почесто или ако правиме фризури, ако повеќе манипулираме со косата, ќе забележиме дека ќе паѓаат повеќе влакна. Ако зголеменото опаѓање трае повеќе од неколку недели, или ако забележите дека опаѓаат цели парчиња коса, треба да се обратите на доктор. Опаѓањето на косата се јавува како знак на одредени заболувања како пореметувања на тироидната жлезда, хормонални промени, анемија, недоволна ухранетост, дури и лупус. Болеста кога косата опаѓа во цели парчиња и остава голи места со неправилна кружна форма се нарекува алопеција ареата. Ова е сериозна автоимуна состојба каде телото ги напаѓа фоликулите на косата. Може да ги зафати и веѓите и други влакнести делови од телото. Што побрзо почне да се лечи, тоа подобро – косата ќе почне повторно да расте.

Во врска со наследните фактори за косата, ако родителите имаат слаба коса, дали тоа значи дека ќе има и жената, и дали е важно кој има слаба коса, таткото или мајката?

Семејната историја дефинитивно игра улога во губењето на косата, но не мора да значи. Исто така, се наследува и од двете страни на семејството.

Дали несоодветната грижа за косата може да предизвика опаѓање на косата, или пак одредени фризури, како коса врзана во коњско опавче постојано, секој ден?

Секако, несоодветната грижа игра важна улога. Стегнатото коњско опавче или плетенките ја влечат косата и придонесуваат таа да опаѓа предвреме. Прекумерната употреба на фен или хемиските третмани на косата, бојадисувањето на косата, исто така можат да предизвикаат кршење на влакната и опаѓање. Шатирањето е помалку проблематично бидејќи не влијае толку многу на коренот на косата. Што помалку работи и правиме на нашата коса – тоа подобро!

Што е со честото миење на косата?

Не треба премногу да се трие косата или да се користат јаки шампони. Одредени состојки на шампоните можат да ја иритираат кожата на главата и да предизвикаат чешање, што го трауматизира тој дел од главата и може да доведе до предвремено опаѓање на косата. Користете поблаги шампони и не ја мијте косата почесто одошто е потребно.

alt

Дали е точно дека на жените може да им опадне косата по породувањето? Зошто се случува ова и колку време обично трае?

Ова се нарекува “telogen effluvium“ и обично започнува 3 до 4 месеци по сериозен психолошки стрес како бременост, сериозна операција, или каков било животен настан што предизвикал стрес, како развод, смрт во семејството, дури и пореметувања во исхраната, строги диети, анемија итн. Рековме дека косата расте несинхронизирано, но при оваа состојба се случува токму спротивното – околу 90 проценти од косата што се наоѓа во фаза на раст истовремено преминува во фаза на мирување, која рековме трае 3 до 4 месеци и завршува со фазата на опаѓање, што може да претставува вистински шок, бидејќи некои жени вака губат и до 40 проценти од својата коса!  Ова е пореметување во фазите на раст на косата, не типично губење на косата, што значи по завршетокот на последната фаза (опаѓање), косата се враќа во нормала и почнува повторно да расте како претходно. Што се однесува конкретно до бременоста, губењето на косата по породувањето може да трае од еден до шест месеци, но потоа косата обично си се враќа во нормала.

Дали контрацептивните пилули придонесуваат за зголемено опаѓање на косата?

Зависи од пилулите кои се земаат. Доколку забележите несакани појави треба да се консултирате со вашиот доктор. Битна е количината и типот на хормонот прогестин во пилулата. Колку е „поандрогенски“ прогестинот, толку поверојатно ќе дојде до несакани појави како акни и опаѓање на косата.

alt

Кои се најдобрите третмани за овој проблем? Дали мора да се земаат лекови? Што е со храната која ја внесуваме – дали таа може да предизвика или пак спречи опаѓање на косата?

Секако дека здравата балансирана диета со многу протеини е многу важна за растот на косата. Исто така можат да се земаат и додатоци на исхраната кои се добри за косата како цинк и биотин сулфат. Недостатокот на железо во крвта, што предизвикува анемија, исто така може да предизвика опаѓање на косата.

За третманите на проблемот со опаѓањето на косата прво и најважно е да се открие вистинската причина. Во лекувањето може да се користи орална контрацепција или некои други лекови кои ги блокираат машките хормони кои предизвикуваат опаѓање на косата. Друга опција е трансплантацијата на коса, но само за оние што можат да си ја дозволат. Се користат и различни додатоци, продолжетоци на коса за таа да изгледа погусто. Кога ќе се соочиме со ваков проблем најважно е да не се разочаруваме туку да се обидеме да најдеме соодветна помош, првенствено за откривање на причините за опаѓањето на косата. Потоа можеме да се потпреме на традиционалната медицина, но и на различни други методи како и на консултации со нутриционисти, фармацевти, фризери … сѐ во зависност од сериозноста на проблемот и можностите за негово надминување.

—————————–

altЗапознајте се со правилата на Наградната игра „Бесплатно бојадисување на вашата косата со бои на природна база “ што еднаш месечно Академијата Авангард ја доделува на една наша читателка!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button