Реклама
MAMAРецепти

Омлет со зеленчук за совршен појадок

Реклама

Денес ви претставуваме еден одличен појадок кој ќе ве наполни со енергија. Се подготвува за само 15 минути, а доволен е за 4 возрасни личности.

ФОТО: omletnetwork.com

Потребни состојки:

  • 8 јајца
  • 200 грама карфиол
  • 100 милилитри млеко
  • 2 главици млад кромид
  • сол
  • мелен бибер
  • 2 лажички маслиново масло
  • брокула

Начин на подготовка: Во посолена вода сварете ги карфиолот и брокулата кои претходно сте ги исечкале на мали цветови. Во еден сад изматете јајца, додајте млеко, па зачинете со сол и бибер. Во поголема тава загрејте маслиново масло, на него ставете ја смесата со јајцата, потоа карфилот и брокулата, па половина од кромидот. Поклопете и печете од 5 до 10 минути, на среден оган. Кога омлетот ќе биде готов декорирајте го со младиот кромид и свежо мелен црн бибер.

Совет плус: За омлетот да ви биде мек и вкусен, обидете се одделно да ги матите белките од жолчките, па потоа да ги соединете. Мешајте полека, а препорачливо е да го печете во тава прекриена со капак.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button