Иванка Трамп ни одржа лекција како да носиме иста боја од глава до пети
Првата ќерка на Америка во одлично издание
Иванка Трамп се прошета во фантастично елегантно издание составено од преубав мантил-капут од брендот „Khaite Cornelia“ во „камел“ нијанса под кој носеше пуловер и деловни панталони, а целата комбинација ја зачини со одлични салонки со високи потпетици во идентична нијанса.
Иванка Трамп, првата ќерка на Америка, како што ја викаат американските медиуми, ретко греши кога е во прашање модата, а за тоа најмногу допринесува нејзиниот долг стаж во модната индустрија.
Таа одамна има свој бренд за облека и модни додатоци кој и денес, и покрај обврските како советничка на Доналд Трамп, се уште успешно го води. Што се однесува до нејзиниот стил, главна карактеристика во нејзините комбинации е што секогаш успешно ги комбинира трендовите со класините парчиња кои никогаш не излегуваат од мода.