Огласи
Нега и здравје

Од што најмногу пожолтуваат забите и кое е решението – одговор ни дава проф. д-р Радмила Димовска

На прашањето што ги мачи голем број луѓе, одговор ни дава проф. д-р Радмила Димовска од Факултет за дентална медицина, Меѓународен Балкански Универзитет.

Забите можат да пожолтуваат од повеќе причини, кои можат да бидат внатрешни (интринзични) или надворешни (екстринзични).

Проф. д-р Радмила Димовска

Причини за пожолтување на забите:

1. Наслаги и пигментации

Кафе, чај, црвено вино, газирани пијалаци со боја

Реклама

Пушење (никотин и катран)

Храна со силни пигменти (цвекло, бобинки, куркума)

2. Наталожување на забен камен

Маркетинг

Лоша орална хигиена доведува до создавање забен камен, кој со тек на време добива жолта или кафеава боја.

3. Абразија и ерозија на емајлот

Со возраста, емајлот се истенчува, откривајќи го пожолтиот дентин под него.

Кисели пијалаци и храна можат да придонесат за губење на минерали од емајлот.

4. Лекови и медицински причини

Долготрајна употреба на антибиотици (тетрациклин во детството)
Флуороза (внесување на прекумерни количини на флуор во детството)

5. Генетика и стареење

Некои луѓе природно имаат потемна боја на дентинот.

Како да се реши проблемот?

1. Професионално чистење на заби

Ултразвучно отстранување на забен камен.

Полирање со пасти за отстранување на пигментациите.

2. Избелување на забите

Ординациско избелување под надзор на стоматолог.
Домашно избелување со гелови

3. Избегнување на причинителите

Ограничување на консумација на кафе, чај, пушење, кисели и обоени пијалаци.

Подобрување на оралната хигиена.

4. Естетски стоматолошки решенија

Композитни фасети или порцелански ламинати за трајно естетско подобрување.

Порцелански или циркониумски оронки кај заби со значителна абразија.

Доколку се работи за внатрешно потемнет заб (некротичен заб), може да се примени внатрешно избелување по спроведениот ендодонтски третман.

Проф. д-р Радмила Димовска, Факултет за дентална медицина, Меѓународен Балкански Универзитет

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button