Реклама
FashionМодни совети

Обновете го својот плакар без да купувате нова облека

Реклама

На секоја девојка и жена добро ѝ е позната реченицата „Немам што да облечам“ и покрај многуте работи во гардероберот. Оваа реченица посебно станува актуелна на пролет, кога секое женско битие тежнее за модно обновување. Сепак, што ако сакате да купите се’ одеднаш, а паричникот не ви го дозволува тоа? Во тој случај обрнете внимание на овие совети.

ФОТО: fashionisers.com

Посветли акценти

За совршен изглед, понекогаш доволно е на старата облека да ѝ додадете некои светли акценти. Јакна во боја на лимон, чевли во тиркизна боја, ташна во корално црвена боја. На тој начин облеката ќе ви се трансформира, а луѓето во вашата околина нема да може да го тргнат погледот од вас.

Нов живот на старите работи

Секој од нас има омилени фармерки и маици кои совршено одговараат. Доколку се премногу стари, не брзајте да се ослободите од нив. Белите и останатите маици лесно моежте да ги надоградите. Можете да врзете кошула преку нив или да ја украсите со голем брош што може да изгледа оригинално. Оние кои добро цртаат, може да ја декорираат со акрилни бои. Проверено е, ова е можност да се претставите себеси на еден сосема иновативен и интересен начин.

Маркетинг

Потпрете се на основите работи

Не мора да ги следите сите трендови, зашто многумина од нив брзо ја губат својата важност. Основните работи се важни затоа што идеално можете да ги комбинирате една со друга, а така облеката што ќе ја имате нема брзо да излезе од мода и може да ви служи со години.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button